ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Села: Европскиот фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност, со закон е регулирана злоупотребата што му се правеше на Балансерот

June 25, 2025 14:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност, бидејќи со закон е регулирана само злоупотребата што му се правеше на Балансерот, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Алијансата за Албанците и дел од оваа коалиција Зијадин Села.

Села обвини за недостаток на транспарентност во постапката за донесување на Предлог-законот за правична застапеност во Владата. Нагласи дека дури и по донесувањето од страна на извршната власт, законот не е објавен никаде за граѓаните да можат да го видат, иако ќе биде испратен до Венецијанската комисија на мислење.

-Премиерот заедно со неговиот декор од заменици премиери на Влада вчера кога објавија триумфално дека веќе во влада помина закнот за правична застапеност. За жал, уште еднаш покажаа дека немаат никаков респект. Немаат респект ни кон јавноста и меидумите, бидејќи се зборува за Закон и се најавува дека ќе се прати во Венецијанската комисија, од друга страна ниеден граѓанин од оваа држава не знае за каков закон станува збор. Тотално немање на транспарентност пред граѓаните, тоа нзачи тотално непочитување кон граѓаните на оваа држава. Овој дом, оваа институција, Собранието се тука и постојат заради граѓаните. За да ја градат сегашноста во овој дом со институциите кои се градат, но и да се гради иднината со законите кои се носат. За жал, ние имаме уште и тоа многу на борј политичари кои мислат само краткорочно за еден месец, два или три, за овие или оние избори, се однесуваат некако како контрабандисти кои во овој случај криумчареле еден закон. Закон кој би требало да има и кој има на раце иднинат ана граѓаните на оваа држава. На сегашниве, на тие што конкурираат за работа, на еден закон кој има врска и со иднината на нашите деца, кои уште ги немаат исполнето условите за да конкурират на пазарот на вработување и во администрација, закон кој би требало да има врска и со иднината на тие што уште не се родени. Така треба да се сфати ова начело на Уставот и овој закон кој не знам како да го дефинирам, има предлог или нема бидејќи ниту како граѓанин, ниту како пратеник не сум информиран во врска со некаков закон, истакна Села.

Потенцира дека овој закон има и голема значајност за градење на ватрешната кохезија во оваа држава.

-Јас успеав, ако е овој предлог-законот, претпоставувам според тоа што премиерот го кажа вчера дека е ова е предлог-законот, тука има два листа, со 15 членови која ја регулира оваа проблематика од кои само два членови зборуваат за правичната застаепнсот. И тоа со овие два членови се гарантира со членот 6 „дека секој има право било кога да го промени идентитетот“. Се гарантира со закон злоупотребата која се случуваше со балансерот. Ништо повеќе. Ова е законот, кој се праќа до Венецијанската комисија, за кој за волја на вистината тоа се прави само за цели – едните да се фалат дека веќе донесоа закон за правична застапеност, другите да добијат време се додека поминуваат локалните избори. Дали ние треба да дозволиме политичари да играат со нашата иднина?, рече Села.

Тој истакна дека Законот за правична застапеност бил еден од главните столбови на политичкото делување на Алијансата за Албанците.

-Во врска со оваа тема, јас сум водел кампања во 2020 година и на никаков начин не треба да се третира на ваков начин. Тоа не е правично. Со овој предлог-закон не се уредува правичната застапеност и секој да земе од државата толку колку што и дава на државата, рече СЕла.

Истакна дека со овој закон предлагале да се стави крај на половата дискриминација, односно еднаква полова застапеност на жените и мажите во администрација. Потенцира дека тој е подготвен да седнат со сите чинители и да разговараат за да се донесе соодветен закон за правична застапеност бидејќи, како што рече, ова е едно од ретките начела на Уставот кој не е регулиран со закон а треба да биде.

Околу локалните избори, Села истакна дека уште се во преговори со другите партии кои се дел од Европскиот фрон и немаат донесено се уште некаква одлука околу поделбата на кандидатите за градоначалници.

-Уште сме во преговори. Коалицијата Европски фронт функционира. Внатре во Фронтот сме во преговори која ќе биде делбата. Јас не сум во преговори со Арбен Таравари. Тие преговори се водени помеѓу него и Ахмети. Финален став ќе имаме кога ќе седнеме како Европски фронт и сигурно тогаш ќе излеземе со соопштение и целата јавност ќе биде информирана, рече тој.

Според Села, најважно во овие избори е да се спречи тенденцијата на македонските политички партии исклучиво ВМРО-ДПМНЕ, која делува, како што рече, во насока да го сруши политичкото организирање на Албанците во Северна Македонија и тоа треба да се спречи.

-Денот на гласањето, иако се локални, Албанците ќе даваат јасна порака дека се тие кои одлучуваат кој ќе ги претставува нив и во Влада и во опозиција, и тоа се прави со глас. Затоа, на овие локални избори, тоа треба да биде јасна и гласна порака на сите Албанците. Јас ги повикувам сите да гласаат за Европскиот фронт и да им пратат јасна порака на Вреди дека не е тој начинот на кој треба политички да се дејствува, бидејќи ствара многу големи последици за во иднина, рече Села.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

July 1, 2025
Скриншот

Кос: После цела една година труд и работа Босна и Херцеговина им се придружува на петте земји од Западен Балкан, со усвојување на реформската aгенда

July 1, 2025
Фото: МИА

Два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа, проширен рокот во кој осигурени лица можат да остварат рехабилитација, поголем опфат и современа поддршка за ортопедски и други помагала

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk