Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола повторно е рангиран на ранг-листа на Times Higher Education (THE) Impact Rankings 2025.
Од Ректоратот на УКЛО информираат дека минатата година битолскиот универзитет беше првиот македонски универзитет рангиран на оваа престижна ранг листа.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е евалуиран во пет од вкупно седумнаесет цели за одржлив развој постигна особено значајно глобално признание во три клучни цели, а тоа се „Достоинствена работа и економски раст“ каде е рангиран меѓу 601–800 место од 1350 институции во светот, во сегментот „Мир, правда и силни институции“, рангиран е меѓу 401–600 место од 1265 институции во светот и во делот „Партнерство за целите“, УКЛО е рангиран меѓу 1001–1500 место од 2389 институции во светот.
Рангирањето за 2025 година е резултат на исклучително конкурентен и ригорозен процес на евалуација, а постигнатите резултати го потврдуваат се поголемото глобално влијание на УКЛО и неговата постојана посветеност на Целите за одржлив развој на Обединетите нации, информираа од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.