ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Украина, Блискиот Исток, Западeн Балкан и одбраната меѓу темите на јунскиот Самит на ЕУ

June 26, 2025 09:21
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Геополитичките предизвици поврзани со најновиот развој на настаните во Украина и на Блискиот Исток, состојбите на Западниот Балкан, европската одбрана и безбедност и прашањата поврзани со конкурентноста и миграцијата ќе бидат меѓу темите на средбата на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ предвидена за денеска и утре во Брисел.

– Ќе се осврнеме на неколку прашања што мора да ги решиме заедно за да ги унапредиме нашите заеднички амбиции: да изградиме поконкурентна, побезбедна и поавтономна Европа за нашите граѓани и да обезбедиме Европската Унија да може да биде ефикасен, предвидлив и сигурен глобален актер, наведе претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во поканата до лидерите на ЕУ за учество на Самитот.

Во најавата за Самитот се наведува дека европските лидери ќе разменат мислења за ситуацијата во регионот на Западниот Балкан и особено за „поддршката на ЕУ на напорите за реформи на партнерите и нивните европски патишта“.

Во тие рамки, Кошта ќе ги информира лидерите на ЕУ за неговата посета на Западниот Балкан од  12 до 16 мај, во чии рамки престојуваше во Скопје, Белград, Сараево, Подгорица, Приштина и Тирана.

Во однос на Украина, лидерите ќе ги разгледаат последните случувања поврзани со руската агресија врз земјата и ќе разговараат за понатамошна поддршка на напорите за постигнување мир и за зголемување на притисок врз Русија со цел да се согласи на прекин на огнот и да покаже вистинска волја за мировни преговори. Советот, исто така, ќе се осврне и на патот на Украина за членство во ЕУ.

– Украина беше непоколеблива во своите напори да овозможи вистински мировен процес и ЕУ ќе остане подеднакво непоколеблива во својата поддршка на Украина. Нашата цел останува непроменета – да се стави крај на агресивната војна на Русија и да се изгради сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, заснован на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право, наведе Кошта во поканата.

Лидерите на ЕУ ќе се осврнат и на најновите случувања на Блискиот Исток, особено на хуманитарната ситуација во Газа и на „ескалација што се заканува да го дестабилизира регионот“.

Во тој контекст, Кошта упати повик до сите страни во регионот да покажат воздржаност и почитување на меѓународното право и нуклеарната безбедност.

– Дипломатијата останува единствениот начин да се дојде до мир и безбедност во регионот на Блискиот Исток. Понатамошна ескалација ќе резултира со тоа жртви повторно да бидат преголем број цивили, оцени претседателот на Европскиот совет.

Тој потенцира дека Европската Унија беше јасна дека е итно потребно овозможување безбедна, брза и непречена дистрибуција на хуманитарната помош во Газа, безусловно ослободување на сите заложници и итно примирје и траен прекин на непријателствата, со цел постигнување на сеопфатен, праведен и траен мир заснован на решението за две држави.

– Израел мора целосно да се придржува до меѓународното право и своите меѓународни обврски. Ќе ги процениме инструментите и опциите што и се на располагање на Европската Унија во овој поглед и ќе направиме преглед на исходот од Конференцијата на ОН во Њујорк за спроведување на решението за две држави, посочува Кошта во поканата.

На Самитот ќе стане збор и за напорите на ЕУ за зајакнување на својата одбранбена подготвеност за справување со непосредните и идните предизвици, како продолжение на дискусијата од претходниот состанок на Европскиот совет на кој лидерите повикаа на забрзување на сите аспекти за зголемување на одбранбената подготвеност на Европа до 2030 година.

– Од лидерите на ЕУ се очекува да ја следат тековната работа за изградба на одбранбените капацитети и зајакнување на одбранбената индустрија на ЕУ, како и на исходот од Самитот на НАТО (во Хаг), се наведува во најавата за средбата.

Кошта во поканата посочува дека ЕУ мора да остане на сегашниот курс за зајакнување на заедничката одбранбена подготвеност.

– Во иднина, мора да бидеме водени од колективен пристап кон одбраната и безбедноста и фокус на ефикасно трошење. Нашите дебати ќе го земат предвид и Самитот на НАТО што се одржува во пресрет на нашиот состанок, наведува Кошта.

Лидерите ќе разговараат и за геоекономските предизвици со кои се соочува Европа, во услови кога интеракцијата помеѓу предизвикувачкиот меѓународен контекст и внатрешните економски приоритети на ЕУ, е поважна од кога било досега.

Во тој контекст, на лидерите ќе се осврнат на улогата на ЕУ во светот и нејзината конкурентност, а ќе дискутираат и за глобалните економски случувања, односите на Унијата со клучните партнери, можностите за зајакнување на меѓународната улога на еврото и продлабочување на единствениот европски пазар.

– Со нетрпение очекувам да ги слушнам вашите ставови за глобалните економски случувања и односот што го бараме од клучните партнери, вклучително и во поглед на важните претстојни меѓународни самити. Ова ќе биде и добра можност да се разгледа како дополнително да се зајакне меѓународната улога на еврото, наведува Кошта во поканата.

На Самитот ќе стане збор и за миграцијата и зајакнувањето на безбедноста на надворешните граници на ЕУ, а лидерите ќе се осврнат и на писмото на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен упатено до нив во кое се дава преглед на напредокот во имплементацијата на заклучоците на Европскиот совет поврзани со овие прашања.

Лидерите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Молдавија и процесот на пристапување на земјата кон Унијата во пресрет на првиот Самит ЕУ-Молдавија, предвиден за во Кишињев на 4 јули. Се очекува лидерите да ја реафирмираа поддршката на ЕУ на суверенитетот, територијалниот интегритет, отпорноста и економскиот развој на Молдавија.

Предвидено е на заседанието на Европскиот совет да се разговара и за засилени напори за зајакнување на внатрешната безбедност во Европската Унија и нејзината подготвеност за справување со кризи и ризици и хибридни активности.

– Со нетрпение очекувам да ги слушнам вашите ставови за глобалните економски случувања и односот што го бараме со клучните партнери, вклучително и во поглед на важните претстојни меѓународни самити. Ова ќе биде и добра можност да се разгледа како дополнително да се зајакне меѓународната улога на еврото.

Состанокот ќе започне со дискусија на лидерите со претседателот на Европскиот парламент, Роберта Мецола, по што тие ќе имаат размена на мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Како и секогаш, ќе се потрудам нашиот состанок да биде ограничен на еден ден, наведува Кошта на крајот од поканата до лидерите на ЕУ за учество на Самитот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

June 26, 2025

СДСМ: За само една година со Цветан Трипуновски земјоделците никогаш не биле во полоша положба

June 26, 2025

Минчев: Правичната застапеност на етничките заедници е уставна категорија и таа ќе се спроведува

June 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ фатен со рацете во медот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Нешто непознато“ го погоди клучниот руски објект за беспилотни летала во Таганрог во бранот напади на украински дронови во повеќе региони на Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Предавство“ – Трамп, Хегсет и Виткоф за протекувањето на разузнавачки информации што ги поткопaа нападите врз иранските нуклеарни постројки, инсистирaат дека тие се „збришани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНРиНД: Во Конзулатот во Солун пријавено дека 19-годишен македонски државјанин починал во Ханиоти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и тужбата против Џабир Дерала: Случај што го разгорува прашањето за слободата на медиумите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk