Јирген Клоп откри дека можел да стане селектор на германската репрезентација пред Европското првенство во 2024 година, но одлучил да остане во Ливерпул.
-Сезоната пред тоа (2022-23) не помина толку добро за Ливерпул, а летото по таа кампања, Германија бараше нов тренер. Можев да кажам да, бидејќи можеби ќе беше подобро да правам нешто различно. Не го сакав тоа. И одлуката не беше поврзана со работата како селектор на репрезентацијата. Не можев само да го напуштам Ливерпул. Имаше тим, имаше луѓе со кои имав силна врска, изјави Клоп за неделникот „Велт ам Зонтаг“.
Клоп сакал да ги „поправи“ работите во Ливерпул со нови играчи.
-Тоа беше важно за мене. Успеавме да го направиме тоа. Сепак, одлуката да го напуштам Ливерпул беше донесена, вели стручњакот.
Во јануари 2024 година, Клоп објави дека ќе го напушти клубот на крајот од таа сезона, во која Ливерпул заврши на третото место. По неговото заминување, „црвените“ потпишаа со Арне Слот и ја освоија титулата во Премиер лигата.
Од јануари 2025 година, тој ја извршуваше функцијата глобален шеф на фудбалскиот сектор во Ред Бул и во моментов не размислува да прифати друга тренерска работа во иднина.
-Мојата интуиција вели: Не. Ја сакав мојата работа, но не ми недостига, заклучи тој.