ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Граѓани на Белград и Нови Сад блокираат раскрсници, улици и булевари поради апсењата по студенстскиот протест на Видовден

June 30, 2025 21:03
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓански дисперзирани блокади има попладнево низ речиси цел Белград како и Нови Сад каде според локалните медиуми предизвикан е колапс на сообраќајот. Блокадите се поради апсење студенти и граѓани кои учествуваа во немирите по протестот во саботата на кој повикаа студентите во блокада.

Во Нови Сад голем метеж има на мостот Варадин, на мостот популарниот „Жежељ“ во Нови Сад.Сите булевари во градот се полни со возила што се движат бавно или едноставно стојат во место.

Во Белград ситуацијата е исклучително тешка – граѓаните блокираат една по една улица или булевар. Теразискиот тунел беше блокиран попладнево, но по интервенција на полицијата беше овозможено повторно движење. Час подоцна – повторно беше блокиран тој фрекфентен тунел за сообраќај. Полицијата повторно се рапсоредува таму.

Блокирани се улици во Земун, на Богословија. Граѓаните најчесто преместуваат контејнери за смет на улиците со што ги блокираат или ги блокираат пешачките премини одејќи постојано од едниот до другиот крај на преминот.
Полицијата интервенираше на неколку места во градот.

Блокади се најавени во поголем број за вечерва низ Белград, Нови Сад, Крушевац…

По Еколошкото востание, ДС и Нова ДСС и претседателството на Партијата за слобода и правда донесоа одлука да ги послушаат студентите во блокада.

„ССП нема да учествува во работата на парламентот“

Претходно вчера, студентите во блокадата побараа од пратениците од опозицијата да ја бојкотираат работата на Народното собрание без да го вратат мандатот, потврди Мариника Тепиќ, пратеничка и потпретседателка на ССП, на својот X профил.

Движењето „Крени-Промени“ соопшти дека „дисперзираните блокади“ се тактика што владата тешко може да ја потисне.

„Дисперзираните блокади не се симболичен протест – тоа е вистинската моќ на народот. Кога клучните патишта низ цела Србија се блокирани, корумпираниот систем запира“, соопшти движењето Крени-Промени. За разлика од традиционалните протести, кои се концентрирани во едно градско јадро, дисперзираните протести дозволуваат сообраќајот да биде парализиран на неколку локации истовремено, што дополнително ја комплицира реакцијата на безбедносните служби.

Вишото јавно обвинителство во Белград денеска ја сослуша првата група од 30 осомничени за напади врз припадници на српската полиција и насилното однесување по протестот на 28 јуни одржан на плоштадот Славија во Белград.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: блокадиСрбија
Next Post

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk