ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025 14:43
in АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ МЕДИА започна серијал  на тема „НАТО лидерски самит 2025: Предизвици и перспективи“ во кои релевантни соговорници, експери во областа на геополитиката, безбедноста, одбраната и членството во НАТО одговараат на прашањата за предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг, зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година и  единството на Алијансата во претстојниот период.

Своите ставови по овие прашања, ексклузивно за ЦИВИЛ МЕДИА ги сподели Сашо Орданоски, доктор по комуникации и политички науки кој има работено на големи регионални и меѓународни иницијативи во медиумските и антикорупциските напори. Предава на Универзитетот на Југоисточна Европа и на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а зад себе има над 40 години искуство во новинарство, односи и комуникации со јавноста.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг?

САШО ОРДАНОСКИ: Со доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп на власт, предизвиците за НАТО Алијансата е како во наредните години да го одржи неопходното ниво на единство и координација во самата Алијанса под притисок на непредвидливоста и хаотичноста во надворешната и одбрамбената политика на САД.

И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО и покрај огромните политички, економски, социјални и низа други последици врз европскиот континент заради руската агресија врз Украина.

Со оглед на четиригодишното војување во Украина, НАТО треба да ги прилагоди сите свои воено-политички стратегиски предизвици врз база на искуствата од овој конфликт.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со кои предизвици се соочува иницијативата за зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година?

ОРДАНОСКИ: Зголемувањето на трошоците за одбрана е стара тема во НАТО, иако со Трамп на власт во САД таа стана ургентна точка на дневен ред на Алијансата. Поттикнати од агресијата на Русија врз Украина, во Европа е веќе започнат нов процес на вооружување и опремување на главните европски членки на НАТО, а од историјата знаеме дека менувањето на овој вид на одбрамбени политики можеби оди споро, но потоа тешко и сопира во децениите што следат. Воената машинерија на земјите членки на НАТО е моќна, а европскиот воено-индустриски комплекс ниту заборавил да произведува модерни воени средства, оружје и опрема, како што не заборавил да води војни.

Комплексна е анализата за тоа што претставуваат тие 5% од ГДП на секоја земја-членка, бидејќи во тој процент влегуваат и трошоци, како цивилни развојни и производствени програми кои имаат одбрамбени потенцијали, развојот на дигиталните технологии или вложувањата во транспортно-логистичките коридори кои не мора автоматски да се директни буџетски средства наменети стриктно за одбраната.

На пример, сегашните американски издвојувања за одбраната се движат на само околу 3,5% од ГДП на САД, но со оглед на огромната индустрија којашто со силни државни субвенции работи во најразлични сектори блиски до стриктно одбрамбените потреби, тешко е да се пресмета колку, всушност, изнесува процентот во ГДП на одвојувањето на САД за одбраната.

На сличен начин, иако со далеку помали буџетски средства, се анализите на воените издатоци и на поголемите европски сојузници и Канада во НАТО.

Но, насоката е недвосмислено јасна: многу повеќе пари за инвестиции во сите сектори на модерните воени предизвици како главен фактор за одвраќање на агресивните милитантни политики и практики на Русија кон Европа, што е основната причина и за самото основање на трансатлантската Алијанса во 1949 година.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали по овој самит може да се очекува поголемо единство на Алијансата во претстојниот период

ОРДАНОСКИ: Да, несомнено.

Драган Мишев / Цивил Медиа


ПРОЧИТАЈТЕ И:

Next Post

Фон дер Лајен: Договоривме „Компромис од Севиља“ за затворање на јазот во финансирањето на развојот

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk