ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Костадиновски: Уставниот суд е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на предлог- законите

July 1, 2025 14:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд, согласно со Уставот и Актот на Судот, е надлежен да ја цени уставноста на законите, а не на предлог- законите. Следствено на ова, Уставниот суд, од аспект на апстрактната контрола, е надлежен да ја цени уставноста и законитоста на позитивното право односно на општите прописи и општите акти што се дел од правниот поредок и нивната уставност и законитост во време на нивното важење, се вели во писмен допис на претседателот на Уставниот суд  Дарко Костадиновски, испратен како одговор на барањeто на независни кандидати од десет општини Судот да реагира на новиот Предлог-закон за измени на Изборниот законик.

-Неспорно е дека согласно со член 13 и 91 од Актот на Судот, Уставниот суд го следи остварувањето на уставноста, законитоста и слободите и правата на човекот и граѓанинот утврдени со Уставот и по свое наоѓање, може да усвои посебен извештај во кој ќе укаже на потребата за преземање мерки за нивно остварување и заштита и ќе го достави до надлежниот орган односно врз основа нa претходно добиени податоци и известувања, Уставниот суд може да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот. Но, во однос на Вашето барање за усвојување на посебен извештај за Предлог за закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, Ве известувам дека Уставниот суд, извештај од аспект на член 13 од Актот на Судот, може да усвои исклучиво за закон кој е дел од првниот поредок, се вели во писмениот допис на Костадинов, информираат од Уставен суд.

Дописот, како што информираат од Уставен, е испратен до Независни советници од Независни за Карпош- За заштита на Карпош во Општина Карпош; Независни советници од Зелен Хуман Град во Град Скопје; Независни советници од Шанса за Центар во Општина Центар; Независни советници од Поинаку во Општина Битола; Независни советници од Стига Е во Општина Струмица; Независни советници од Стига Е во Општина Босиловo; Независни советници од Стига Е во Општина Ново Село; Независен Градоначалник на Општина Кочани; Поранешни независни советници од Më mirë për Tetovën / Подобро за Тетово во Општина Тетово и Граѓанска иницијатива Зелените од Гази Баба.

Tags: КостадиновскиУставен суд
Next Post

Министерот Тошковски најави две нови ленти на граничниот премин „Богородица“

НАЈНОВО

Затворање на есенското издание на фестивалот „Перформанс платформа“ со перформансот „CODOMESTICATION“

November 18, 2025
Скриншот

Шефот на „Гугл“ предупредува за „ирационалност“: Ниедна компанија не е имуна ако пукне балонот со вештачката интелигенција

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk