Две лица загинаа во северозападниот дел на Шпанија во шумски пожар што се проширил пред доаѓањето на пожарникарите, соопштија денеска локалните власти.
Претседателот на Владата на Каталонија, Салвадор Иља, објави на социјалните мрежи дека две лица загинале синоќа во руралната провинција Љеида, а од тоа подрачје се гледал голем чад.
Пожарот избувна среде топлотен бран што ја зафати цела Европа и предизвика рекордно високи температури за јуни во Шпанија и Португалија. Властите издадоа предупредувања до жителите преку СМС пораки и вчера им наредија на околу 14.000 луѓе да останат дома, соопштија пожарникарите.
Вкупно 6.500 хектари шума изгореа пред пожарникарите да соопштат дека пожарот е под контрола.