Третата и последна сезона на корејската серија „Squid Game“ стартуваше со рекорден успех на Netflix, достигнувајќи 60,1 милиони прегледи само во првите три дена по премиерата во петокот. Според неделната листа на најгледани содржини на платформата, ова е најдобро отворање за неанглиска серија досега во толку краток период.
Со оваа бројка, третата сезона веќе е деветта најгледана неанглиска серија на сите времиња на Netflix. За споредба, втората сезона имаше 68 милиони прегледи во првите четири дена од премиерата на 26 декември, надминувајќи го тогашниот рекорд на серијата „Wednesday“.
Во новата сезона, главниот лик Ги-хун (Ли Џонг-џе) продолжува да се бори против смртоносната игра, обидувајќи се да ја собори организацијата и да ја докаже вредноста на човештвото пред Фронт Мен (Ли Бјонг-хун).
Редакција Фронтлајн