На 1 јули, телескопот од проектот ATLAS (Систем за последно предупредување за удар од астероиди), финансиран од НАСА и поставен во Рио Уртaдо, Чиле, за првпат забележа комета што потекнува од меѓуѕвезден простор. Кометата пристигнува од насоката на соѕвездието Стрелец и официјално е наречена 3I/ATLAS. Во моментов се наоѓа на околу 670 милиони километри оддалеченост.
Од првичната објава, научниците собраа архивски податоци од три различни телескопи на ATLAS поставени низ светот, како и од Zwicky Transient Facility при опсерваторијата Паломар во округот Сан Диего, Калифорнија. Овие „предоткривачки“ набљудувања датираат уште од 14 јуни. Оттогаш, бројни телескопи пријавија дополнителни набљудувања на објектот.
Кометата не претставува никаква закана за Земјата и ќе остане на растојание од најмалку 1,6 астрономски единици (околу 240 милиони километри). Во моментов се наоѓа на околу 4,5 астрономски единици (околу 670 милиони километри) од Сонцето. Најблизу до Сонцето ќе се доближи околу 30 октомври, на растојание од 1,4 астрономски единици (околу 210 милиони километри) — нешто помалку од орбитата на Марс, објави НАСА.
Астрономи ширум светот ја истражуваат големината и физичките својства на оваа меѓуѕвездна комета. Се очекува 3I/ATLAS да остане видлива преку телескопи од Земјата до септември, по што ќе се доближи премногу до Сонцето за да може да се набљудува. Повторно ќе стане видлива од другата страна на Сонцето на почетокот од декември, што ќе овозможи нова рунда на набљудувања.
Меѓуѕвездениот посетител можете да го гледате во живо:
Редакција Фронтлајн