Полициски службеници од СВР Велес го привеле 29-годишниот Н.Т. од Велес, кој бил баран со судска потерница за издржување затворска казна.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето било осудено на две години и три месеци затвор за сторено кривично дело „неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
По приведувањето, Н.Т. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово – Скопје, каде ќе ја издржува затворската казна.