ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор беше голема цена, Бугарија се инспирира од него

July 4, 2025 08:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Преспанскиот договор беше голема цена, а мислам дека и Бугарија се инспирира од него за да поставува свои барања, смета претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

– Тоа е голема цена, тогаш ни требаше НАТО, а ние им требавме ним. НАТО не беше на референдумското прашање, беше само ЕУ. Најголемата грешка кон нас е грешката во Букурешт. Дотогаш одевме нагоре во развојот во секој поглед. Потоа незаслужено останавме надвор. Правам голема разлика меѓу НАТО и ЕУ. Во ваква безбедносна ситуација НАТО е многу важен, но ЕУ е нешто друго, изјави претседателката во интервју за Канал 5.

Вели дека не го сменила ставот во врска со Преспанскиот договор и оти не е корисен за нас.

– Сметам дека тоа е можеби реалполитика. Но и самиот (Алексис) Ципрас кажа дека малку требало да дојде признанието без промена на името. Тврдам дека ОН се тело во кое сите држави се еднакви, повелбата важи за сите, дека правото на саоопределување го вклучува во себе самостојното определување на името, знамето, политичкиот систем итн. Да ви речат дека заради светот на реалполитиката во надворешните односи да употребувате, ама внатре во државата, е директно мешање во внатрешните работи и кршење на сите акти, особено на Виенската конвенција, вели Сиљановска Давкова.

Според неа, ако имавме бенефиции од промената на името, тоа ќе значеше дека сега би биле во ЕУ и би наидувале на разбирање.

– Во Грција стојат истите патни знаци, не се донесени трите меморандуми, вториот дел од договор за односите во образованието, науката, културата, економијата, не се применети. Очекував Грција да биде таа што и на Европскиот совет и на Бугарија ќе им предочи дека во членот 7 е решено прашањето, да укаже дека ако таму пишува дека за втората страна името Македонија е територија, народ со своја историја, култура и јазик, тогаш не би требало сега со секој сосед да се докажуваме и да постигнуваме компромиси. Мислам дека инспирацијата кај Бугарија дојде од Преспанскиот договор. Во 1999 година ние имавме договор со Бугарија, таму нема дека треба да впишуваме малцинство ниту да формираме комисии. Ништо не се смени оттогаш. Кога не признаваа во 1993 ништо не бараа. Што е тоа ново што одеднаш се појави како проблем? Опасноста од нас да влеземе во ЕУ? Тогаш проблемот не е во нас, туку во правилата на ЕУ што треба да се менуваат час поскоро, нагласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Tags: бугаријаГордана Сиљановска ДавковаПреспански договор
Next Post

Мицкоски од Струмица: Работевме, решававме проблеми додека тие од опозицијата се занимаваат со златни визи, симбол на златното богатење

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk