Гувернерот на Банката на Франција, Франсоа Вилроа де Гало, направи неочекуван гест на дебата за европскиот суверенитет во Екс-ан-Прованс, кога стави зелено капче со слоганот „Make Europe Great Again“ (Да ја направиме Европа повторно голема), алудирајќи на слоганот на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Станува збор за тоа Европа да се стави на прво место, рече Вилроа, додавајќи дека свесно носи нешто „нешто невообичаено за гувернер“. Капчето го позајмил од пријател и рече дека најверојатно нема да го носи долго – „поради жешкото време“.
Гувернерот укажа на економските предизвици со кои се соочува Европската Унија – од фрагментирана индустриска политика, преку високи енергетски трошоци, до заостанување во дигиталните технологии. Додаде дека трговските мерки на Трамп дополнително ги влошуваат перспективите на Европа.
– Трамп очигледно е нешто многу неповолно за глобалната, американската и европската економија, но тоа е повик за будење за нас, рече гувернерот на Банката на Франција.
Според него, имајќи предвид што се случува со новата американска администрација, „се очекува монетарна Европа и можноста за поголема меѓународна улога на еврото“.
– Тоа ќе биде постепена диверзификација. Ова би можело да се постигне преку поголем европски долг, особено за финансирање на одбраната, или можеби преку реорганизација на постојните долгови. Ниту едно решение не е очигледно, рече Вилероа де Гало.