Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска во Скопје организира второ издание на годишниот настан „Разговори за еднаквост“, на тема „Право на домување на Ромите“.
КСЗД најави дека на отворањето на настанот ќе се обратат претседателката Гордана Силјановска Давкова, евроамбасадорот Михалис Рокас, Лимко Бејзароски, претседател на КСЗД, Ерџан Селими, заменик министер за локална самоуправа и Барбара Лигл, лидерка на компонентата 4 од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.