Флавио Коболи од Италија успеа да се избори за своето прво Грен слем четвртфинале откако го победи финалистот од 2017 на Вимблдон, Хрватот Марин Чилиќ со 3:1 во сетови. Во изедначен меч Коболи го клучните моменти имаше поуспешна завршница на поените во однос на Чилиќ.
Во првите два сета Коболи имаше по еден брејк и двата сета ги доби со идентични 6:4 во гемови. Во третиот сет Чилиќ ја врати неизвесноста откако беше подобар во тај брејкот со 7:4 на поени и намали на 2:1 во сетови. Во четвртиот сет Чилиќ испушти шанса за 2:2 во сетови откако направи брејк, но Коболи веднаш го врати брејкот за 4:4 во гемови. Во тај брејкот на поени беше 7:3 за поени за Италијанецот што знаеше победа од 3:1 во сетови.
Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ (Србија) со победата од 3:1 во сетови над Алекс Де Минор од Австралија се избори за 16-то четвртфинале на Вимблдон. Тој во осминафиналето направи пресврт во мечот и по негативата од 0:1 по загубениот прв сет на убедлив начин со 1:6 во гемови ги доби следните три со идентични 6:4 во гемови.
Во четвртиот сет Ѓоковиќ ја покажа својата доминација кога при резултат од 4:1 во гемови за противникот успеа да спаси брејк топка и притоа направи серија од пет освоени гемови.
Во четвртфиналето што на програмата е во среда, Ѓоковиќ ќе игра против Флавио Коболи. Мечот е закажа за во 12. часот