Фудбалерите на лондонски Челзи се првите финалисти на Светското клупско првенство, откако синоќа во полуфиналето го совладаа бразилски Флуминенсе со 2-0.
Челзи до место во финалето го однесе двојниот стрелец Жоао Педро, кој претходно во кариерата настапуваше за Флуминенсе.
Англискиот клуб дојде во водство во 18 минута, а Педро со својот втор гол на натпреварот во 56 минута стави печат на победата.
В недела, Челзи за противник во финалето ќе го има победникот од вториот полуфинален дуел меѓу двата последни европски шампиони, Реал Мадрид – ПСЖ.
Второто полуфинале е на програмата вечерва со почеток во 21 часот по македонско време.