ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мрежата за заштита од дискриминација бара итно повлекување на Предлог-законот за верски училишта: Противуставен, правно неусогласен и опасен

July 9, 2025 10:44
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираше на Предлог-законот за верски училишта објавен на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), оценувајќи го како противуставен, правно неусогласен и опасен обид за поткопување на секуларниот карактер на државата и за институционализација на верското образование во формалниот образовен систем.

„Предлог-законот е во колизија со Уставот на Република Северна Македонија“, наведуваат од Мрежата. Потсетуваат дека слободата на верските заедници да основаат верски училишта е загарантирана со член 19 од Уставот, но само доколку тие се од исклучиво верски карактер, а не од типот на редовни гимназии, стручни или уметнички училишта.

Според нив, Предлог-законот директно го нарушува и членот 22 од Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група, кој дозволува основање верски образовни установи од сите степени освен основното образование, но исклучиво за школување на свештени лица и верски службеници. „Овој закон претставува lex specialis и не може да биде дерогиран со нов закон“, порачуваат од Мрежата.

Во реакцијата се повикуваат и на одлуката на Уставниот суд У.бр. 182/2021, објавена на 29 мај 2024 година, со која, како што велат, се потврдува дека „системот на верско образование мора да биде целосно одвоен од граѓанското образование и дека секој обид за нивно мешање претставува повреда на уставниот принцип на секуларност и одвоеност на државата и верата“.

Дополнително, Мрежата посочува дека членот 7 од Законот за средно образование изречно забранува верско организирање и дејствување, организирање на верско образование и истакнување верски обележја во средните училишта.

Критики упатуваат и за тоа што во Предлог-законот нема механизми за надзор, санкции или контрола: „Не е утврдено кој ќе биде надлежен за негово спроведување, кој ќе следи дали се почитуваат предвидените одредби и кој ќе изрекува мерки во случаи на прекршувања.“

Особено спорен, според нив, е членот 4, кој дозволува верските училишта самостојно да издаваат јавни исправи врз основа на свој статут, што е во спротивност со праксата според која формата и содржината на свидетелствата ги утврдува Министерството за образование и наука. Притоа, прашањето за еквиваленција на таквите дипломи останува нерешено.

„Законскиот текст се повикува на засебност и автономија на верските училишта, но паралелно бара нивно изедначување со државните училишта во однос на правата на учениците. Ваквиот пристап е контрадикторен и правно неизводлив“, се додава во реакцијата.

Мрежата забележува и правна неусогласеност во критериумите за наставен кадар, како и конфузија меѓу членовите 7 став 8 и став 11, со што, како што се вели, „се создаваат недефинирани односи меѓу основачот и Министерството во однос на верификација на наставниот план“.

„Членот 11 е особено спорен бидејќи овозможува државна матура како услов за упис на секој факултет, додека во исто време дозволува и запишување на верски факултети без положување матура. Оваа двојна регулација отвора простор за злоупотреби, нерамноправност и институционална дискриминација“, предупредуваат од Мрежата.

Во заклучок, Мрежата за заштита од дискриминација бара итно повлекување на Предлог-законот и повикува Владата „да се придржува до уставниот принцип на секуларност“.

„Усвојување на ваков закон претставува сериозно отстапување од демократските и граѓански вредности и директна закана за правата на учениците и интегритетот на образовниот систем“, се наведува во реакцијата.

Tags: Мрежата за заштита од дискриминацијаПредлог-законот за верски училишта
Next Post

Орце Ѓорѓиевски очекува победа во Скопје уште во првиот круг

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk