Новак Ѓоковиќ стигна до своето 14-то полуфинале на Вимблдон со камбек против Флавио Коболи, победувајќи со 6-7, 6-2, 7-5, 6-4 на Централниот терен.
Со денешната победа Ѓоковиќ собори нов рекорд – најмногу пласмани во полуфинале од кој било играч во историјата на мешкиот тенис на Вимблдон, надминувајќи го Федерер кој имаше 13 полуфиналиња.
По завршувањето на мечот Новак искажа голема почит кон својот противник, Флавио Коболи.
Ѓоковиќ во полуфиналето, ќе игра против првиот рекет на светот Јаник Синер, кој претходно го победи Шелтон со 3:0 во сетови.
Најдобриот светски тенисер без многу проблеми стигна до полуфиналето на Вимблдон. Тој во денешеното четвртфинале го победи Американецот Бен Шелтон со 3:0 во сетови (7:6(2); 6:4 и 6:4) и се избори за своето второ полуфинале на Вимблдон.
Неизвесност имаше само во првиот сет, кој Синер го доби во тај брејкот со 7:2 на поени, иако Шелтон водеше со 2:0, но тоа не беше пречка за Синер кој успеа да направи серија од седум поени. Во следните два сета италијанскиот тенисер имаше по еден брејк и тоа на идентичен начин во 10.тиот гем за да ги добие двата сета со 6:4 во гемови.
Победа во три сета покажува дека повредата од осминафиналето од понеделникот е веќе минато за Јаник Синер.
Полуфиналниот меч се игра во петок.
Ј. Ѓ.