Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, и покрај своите 38 години, Лионел Меси продолжува да поставува рекорди, и изминатата ноќ стана првиот играч во историјата на американската МЛС лига кој на четири последователни прволигашки натпревари постигнал по два гола.
Неговиот Интер Мајами ноќта меѓу средата и четврток го совлада Њу Ингланд со 2-1 на гостински терен, а Меси беше прецизен во 27 и 38 минута.
Претходно, Меси постигна два гола во победите на домашен и на гостински терен од 4-2 и 4-1 против Монтреал, како и во триумфот од 5-1 против Колумбус.
Меси оваа сезона досега вкупно има постигнато 14 голови за Интер Мајами и е втор на листата стрелци заd Сем Сариџ од Нешвил со 16 голови. Покрај тоа, Меси има и шест асистенции.