ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

(ВИДЕО) Нови научни сознанија за суперновите: Што е разлика меѓу „ГРБ“ и „ФХТ“ експлозиите?

July 10, 2025 13:08
in TECH FRONT, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Млазевите што не успеале да ја пробијат надворешната обвивка на ѕвезда што умира се извори на мистериозни рендген-зрачењa и блесоци што ги збунуваат астрономите со десетлетија. Ново научно истражување за ѕвезда и нејзината супернова, т.е. моќна и светла експлозија којашто го означува крајот на вселенското тело, открива дека експлозиите на рендгенско зрачење познати како „брзи транзитни честици на рендгенски зраци“ (‘Еф-икс-те’) се резултат на неуспешна „експлозија на гама-зраци“ („ГРБ“) – една од најенергичните експлозии што може да ги произведе Вселената.

Анализите се подробно опишани во два труда прифатени во американскиот „Астрофизички журнал“ (The Astrophysical Journal Letters) и ce достапни на платформата „Арксив“ (arXiv).

– Од 1970-тите, астрономите детектираат „Еф-икс-те“ – експлозии од далечни галаксии што можат да траат од неколку секунди до повеќе часови, вели астрономот Џилијан Растинеџад од Северозападниот Универзитет во американската сојузна држава Илиноис. – Но, нивните извори останаа долгогодишна мистерија. Нашата работа дефинитивно покажува дека „Еф-икс-те“ можат да потекнуваат од експлозивната смрт на масивна ѕвезда. Исто така, тоа ја поддржува причинско-последичната врска меѓу „ГРБ“-суперновите и „Еф-икс-те“-суперновите, при што „ГРБ“ се создаваат од успешни млазеви, а „Еф-икс-те“ се создаваат од заробени слаби млазеви, додаде научникот.

Според него, евентуалната имплозија на ѕвезденото јадро и исфрлањето на материјалот околу него надворешно се навестени од долг период на нестабилност во којшто ѕвездата ги отстранува своите надворешни слоеви. Кога ѕвездата конечно ќе ја погоди таа точка на суперновата, млазовите експлодираат нанадвор од колабирачкото јадро, пробивајќи се низ надворешните слоеви во меѓуѕвездениот простор. Тие млазови, всушнoст, ги предизвикуваат „ГРБ“, преку материјалот околу ѕвездата, а експлозијата е проследен со моќни одливи.

Детектирањето на настанот на 8 јануари оваа година беше во полза на нашето разбирање на начинот на којшто овие енергетски експлозии можат да тргнат наопаку. Рендгенски телескоп на сондата „Ајнштајн“ сними „Еф-икс-те“ експлозија на 2,8 милијарди светлосни години далечина низ Вселената, пренесува порталот „Американ фокус“ (American Focus).

– Важно е да се напомене дека податоците од икс-зраците сами по себе не можат да ни кажат кои феномени ја создале „Еф-икс-те“. Брзите набљудувања на локацијата на „Еф-икс-те“ на оптички и инфрацрвени бранови должини се клучни за идентификување на последиците од „Еф-икс-те“ и собирање сознанија за неговото потекло, објаснува Растинеџад.

Астрофизичарот Роб Ајлс-Ферис од Универзитетот во Лестер во Велика Британија смета дека оваа „Еф-икс-те“ супернова е „речиси близнак“ на експлозиите по „ГРБ“.

– Нашите набљудувања на раните фази од еволуцијата на „ЕП 250108-a“ покажуваат дека експлозиите на масивните ѕвезди може да бидат предизвикани од двете појави. Ова откритие најавува пошироко разбирање на разновидноста во смртта на масивните ѕвезди и потреба од подлабоки истражувања на целиот пејзаж на ѕвездената еволуција, вели Ејлс-Ферис.

„Еф-икс-те“ експлозијата е именувана „ЕП 250108-a“ и, како што откриваат новите податоци, тој е поврзан со суперновата наречена со прекар „Кенгур“. Истражувачите открија дека оваа супернова е особено ретка појава којашто произлегува од колапсот на јадрото на масивна ѕвезда – со маса меѓу 15 и 30 пати поголема од Сонцето.

– Од повеќедецениски научни истражувања, знаеме дека млазовите можат успешно да се пробијат низ надворешните слоеви на умирачка ѕвезда и ги гледаме како „ГРБ“. Во нашиот труд, откривме дека овој „заробен“ млаз е почест кај масивните ѕвездени експлозии отколку кај млазовите што успешно излегуваат од ѕвездата, додаде Растинеџад.

Сѐ тоа значи дека имаме нов начин за испитување на ѕвездените експлозии – супернови. Иако науката сега знае малку повеќе за „Еф-икс-те“, подробностите за тоа како се создаваат и што тоа прави ѕвездата да се распрснува како „Еф-икс-те“, а не како „ГРБ“, сè уште и допрва треба да се разберат.

Tags: супернова
Next Post
Охрид. Фото: Фронтлајн

УНЕСКО го одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk