ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Сребреница ќе биде одбележана 30-годишнината од геноцидот над Бошњаците

July 10, 2025 10:45
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари утре ќе биде одбележана 30-годишнината од геноцидот над Бошњаците извршен од српските сили во Босна и Херцеговина во јули 1995 година.

Во Поточари утре ќе бидат погребани уште седум жртви од Сребреница, кои беа пронајдени на различни локации.

Лидери на голем број земји го најавија своето пристигнување во Сребреница на 11 јули, а сараевските медиуми објавија дека на комеморацијата во Поточари би можеле да присуствуваат 150.000 луѓе. За безбедноста се задолжени припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска во соработка со безбедносните агенции на БиХ.

Традиционалниот Марш на мирот, со кој им се оддава почит на жртвите од Сребреница, се одржува и оваа година. На 8 јули, неколку илјади луѓе тргнаа од Незук на тридневен марш кон Поточари, по патека долга 100 километри. На таа патека во спротивна насока, од Поточари до Незук, Бошњаците се обидоа да стигнат до слободната територија во јули 1995 година, кога српските сили ја окупираа Сребреница.

Генералното собрание на Обединетите нации во мај усвои резолуција со која 11 јули е прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и со која се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Во повеќе европски земји, меѓу кои и Република Северна Македонија, како и Австралија и Канада официјално ќе биде одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Силите предводени од командантот на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ по влегувањето во Сребреница, заштитена зона од Обединети нации, убија над 8.000 луѓе, превенствено мажи и момчиња.

Според податоците на Меморијалниот центар Сребреница – Поточари, во и околу Сребреница биле убиени најмалку 8.372 луѓе, вклучувајќи жени, девојчиња и стари лица.

Геноцидот во Сребреница беше правно потврден со пресудите на Меѓународниот суд на правдата, Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (Хашки трибунал) и Судот на БиХ.

За геноцид, злосторства против човештвото и други злосторства извршени во Сребреница во јули 1995 година, 54 лица се осудени на вкупно 781 година затвор. Пет лица беа осудени на доживотен затвор, меѓу кои и поранешниот претседател на РС, Радован Караџиќ, Младиќ и уште тројца високи офицери на војската на РС.

Во 2007 година, Меѓународниот суд на правдата во Хаг пресуди дека војската на РС извршила геноцид во Сребреница. Истиот суд ја прогласи Србија за одговорна за тоа што не го спречила геноцидот во Сребреница.

Tags: Сребреница
Next Post
Фото: Укринформ

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина, две лица убиени, 16 повредени

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk