ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, од Мицкоски нема ни збор осуда

July 11, 2025 20:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ Венко Филипче бара итно да се осудат  насилниците кои ја нападнале градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска додека вршела увид на дивоградба во Чаир, а бара да се поведе постапка против службениците на МВР кои, како што вели,  не постапиле и не ги заштитиле претставниците на Градот.

-Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда. Молкот понекогаш зборува погласно од зборовите. И не се работи само за напад врз градоначалничката и службениците од Градот. Се работи за тоа дали секој од нас може без страв да се спротивстави на криминалот, пишува Филипче на Фејсбук.

Пораката што ја испраќа власта, според него, е дека секој кој ќе се обиде да го обелодени нивниот криминал ќе се соочи со опасност по личната безбедност.

-За една година безбедносната состојба во државата катастрофално се влоши. Безбедноста на граѓаните, правдата, заштитата од институциите практично не постојат. Ова е нешто што треба сериозно сите да нè загрижи, пушува претседателот на СДСМ Венко Филипче во врска со нападот над градоначалничката на Град Скопје.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тврди дека денеска при увид и инспекциска контрола на дивоградба во Општината Чаир, таа и екипата која била со неа, биле нападнати прво вербално, потоа физички, со клоци и тоа пред припадници на МВР. Лицето кое, како што вели, најверојатно е сопственик на дивоградбата и се заканувало нејзе и на нејзиното семејство.

По нападот, таа се обратила во Ургентниот центар „8-ми Септември“, каде и била укажана лекарска помош.

Арсовска по излегувањето од здравствената установа во изјава за медиумите рече дека лицето било затекнато како краде струја, вода, оти нема платено ниту еден денар, ниту данок, ниту комуналии, ниту на Градот, ниту на било кое друго место. Градоначалничката вели дека лицето нема никакво одобрение и никаква документација за градбата.

Дека градоначалничката на Скопје била нападната додека вршела службени дејствија, потврдија и од полицијата.

Tags: АрсовскаМицкоскиФилипче
Next Post

(ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

October 29, 2025
Фото: Левица

Мециновиќ: Ова е генерациска борба на непривилегираните – отчукува нивното време, сега ние сме на потег

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk