Комесарката за проширување на Европска Унија, Марта Кос денеска преку видео-порака објавена на Икс им одаде почит на жртвите на геноцидот во Сребреница, истакнувајќи оти тоа е „длабока рана во европската историја“ и оти „мора да кажеме не на омразата и величањето на воените злосторници“.
– Денеска сум во Сребреница за да им оддадам почит на жртвите од геноцидот извршен во оваа област пред 30 години, наведе Кос.
Таа посочи дека 8.372 Бошњаци биле систематски убиени, чии останки биле закопани во масовни гробници за да се прикријат трагите од злосторството, а многумина сè уште се водат како исчезнати.
Today, I pay respect to the victims of the Srebrenica genocide 🕯️
It is our duty to remember.
It is our duty to stand up and never look away whenever human rights are questioned and the dignity of others is undermined.#Srebrenica30 pic.twitter.com/vxNO8I0L7K
— Marta Kos (@MartaKosEU) July 11, 2025
– Сребреница е длабока рана во европската историја. Наша должност е да се сеќаваме, да го кренеме гласот и никогаш да не го свртуваме погледот кога заговорниците на омраза ги доведуваат во прашање човековите права и го поткопуваат достоинството на другите. Мора да кажеме не на поделбите, не на омразата, не на глорификацијата на воените злосторници. Наместо тоа, треба да се свртиме кон заедничка иднина, наведе Кос.