ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Полсат: Силата што се користи против студентите во Србија е под контрола на Русија

July 11, 2025 13:20
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Русија активно учествува во задушувањето на студентските и граѓанските протести во Србија, исто како што интервенираше безброј пати за да ја зачува власта во Белград, објави денеска полската приватна телевизија Полсат.

-Обидите на српската полиција насилно да ги разбие протестите резултираа со нивно прелевање од Белград во 30 други градови. Протестите беа поврзани само со внатрешната ситуација во земјата сè додека Русија неочекувано не интервенираше. Во писмо вчера, поранешниот вицепремиер Александар Вулин ѝ се заблагодари на Москва за нејзината помош, објави националната телевизиска станица.

Полсат предупредува дека употребата на сила против студентските и граѓанските протести го привлекува вниманието на меѓународните организации за човекови права, кои тврдат дека властите ги кршат основните човекови права и дека српскиот претседател Александар Вучиќ јавно поддржал директна репресија против ненасилните собири.

-Експертите во разговорите со српските медиуми го делат мислењето дека суровата неутрализација на протестите е доказ дека политичарите се беспомошни и нервозни. Сепак, српската влада може да смета на поддршката од Русија. Москва интервенираше неколку пати за да го зачува внатрешниот ред во Србија, ширејќи пропаганда каква што е против украинскиот народ, наведува полската телевизија.

Како пример, Полсат наведува дека, иако студентите и граѓаните на протестите воопшто не ја споменуваат темата за војната во Украина и нивниот протест се однесува исклучиво на ситуацијата во земјата, одеднаш почнаа да се појавуваат транспаренти со антиукраински слогани.

-Вучиќ дозволува пропаганда на Кремљ во својата земја во замена за политички бенефиции. Тој може да воспостави која било влада што ја сака без да се плаши дека ќе биде соборена, ја пренесува Полсат проценката на српските аналитичари, додавајќи дека друга придобивка е што Москва има пазар за своите производи во Србија, а Белград може да смета на поповолни цени за увоз од Русија.

Зборувајќи за настаните во Србија, чешкиот јавен радио сервис Радиожурнал денеска предупреди дека не може да се каже дека Вучиќ и српските власти безрезервно ја поддржуваат Русија на Балканот, туку дека станува збор за маневрирање меѓу сите меѓународни актери, што не е невообичаено на Западниот Балкан, а е инспирирано и од надворешната политика на комунистичката СФРЈ и маршалот Јосип Броз Тито.

-Вучиќ вели дека сака да ја внесе Србија во Европската Унија, но во исто време тврди дека тоа не е реално. Мислам дека апсолутно му одговара ако не се во ЕУ. Би имало повеќе контроли во сивата зона…Тоа сигурно не е нешто што би го сакал. Тој не сака никој да го контролира она што го прави, изјави за Радиожурнал Магдалена Фојтова, новинарка во неделникот „Респект“ која ги следи настаните на Балканот.

Војтова, која известува од протестите во Србија, верува дека не е надворешната политика таа што ги мачи луѓето во Србија, туку дека заедничкиот именител на студентските и граѓанските протести е тоа што долгогодишното владеење на Вучиќ и СНС ја доведе земјата во состојба каде што корупцијата стана апсолутен дел од секојдневниот живот. Тие изјавија дека полицијата е контролирана од политичките елити и дека сите државни и полудржавни компании, како и институциите, се под нивно влијание, пренесе МИА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Фон дер Лајен: Сребреница е меѓу најмрачните поглавја во колективната меморија на Европа

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk