ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

УНЕСКО – лобирање против идентитетот

July 11, 2025 14:22
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НИКИЦА КОРУБИН

Во сенка на наводната грижа за декларативниот идентитет, и неговата флагрантна политизација преку извештајот на европскиот парламент; падна реалната (не)грижа за вистинскиот идентитет: културното наследство, и тоа она кое е заштитено од страна на Унеско – Охрид и охридскиот регион. Почетокот на летото, е време кога Унеско ги одржува своите редовни сесии и кога прави пресек и проценка на состојбата на сите заштитени подрачја во светот, под негова јурисдикција и надлежност на неговите стручни тела – за светското природно и културно наследство.

Но, почетокот на летото е и време, кога нашата влада (предводена од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ сеедно), соочена со апсолутно и систематско суштинско непочитување и неспроведување на одлуките и препораките на Унеско; почнува интензивно да лобира кај земјите членки на Комитетот за светско наследство, “политичкото” тело кое ги носи одлуките во Унеско, за промена на предлог-одлуките од страна на стручното тело – Центарот за светско културно наследство.

Преведено со речникот на пропагандата и информациите кои се пласираат во јавноста, тоа звучи вака – “го спасивме статусот на Охрид и охридскиот регион и спречивме тој да биде ставен на листата на културно наследство во опасност”. А, единствено што е “спасено” е самоволието на “заробената држава” и нејзините лукративни интереси, кои со години одбиваат да ги спроведат препораките на Унеско, кои се всушност препораки за зачувување на нашиот автентичен идентитет – другото име за културното и природно наследство, во случајов на Охрид и охридскиот регион.

Па, ако Унеско речиси половина век, со својата стручна, финансиска и институционална поддршка, ги штити “исклучителните универзални вредности” – архитектурата, археолошкото наследство, пејсажот, урбанизмот, урбанистичкиот развој, езерото, планините, еко-системот, регионот – а, државата и институциите, не само што ги игнорираат, туку интензивно и безмилосно ги уништуваат; тогаш кој го загрозува, а кој го штити идентитетот?

Па, за што тогаш се лобира во Унеско? За заштита на уништувањето? За што се купува време? За “исклучителните универзални вредности” целосно да исчезнат, па да исчезне и причината зошто воопшто Охрид и охридскиот регион е препознат од светот како “исклучително и уникатно природно и културно наследство” во светски рамки? За што се искористи времето од претходните лобирања за одложување на единствената одлука која значи (или значеше) спас за “остатоците од исклучителните универзални вредности”?

Па, така владата и нејзините институции може да им се заблагодарат на Казахстан и Турција, за поднесениот амандман за уште едно одложување и за “извојуваната политичка победа”; а нас можеби може и да ни објаснат, зошто лобирале да се избрише од одлуката “физибилити студијата за планирање на крајбрежната зона на Охридското езеро” или пак зошто не сакаат да има јасна “временска рамка за имплементација на сите претходни препораки”? Или да ги прашаме делегациите на Казахстан и Турција?

Па, нели за идентитетот се работи, или ова е многу сложен и “неподобен” идентитет и бара вистинска грижа, љубов и посветеност, бара идентификација со своето; за разлика од површните фрази и флоскули за “загрозеноста на македонскиот идентитет”? Идентитетот е сериозно загрозен, само од нас самите, од сите оние кои се обврзани да се грижат за него, и од сите оние кои лобираат против него, од сите оние кои ја бираат пропагандата наместо вистината, од сите оние кои институционално и индивидуално се кријат, од фелата која молчи, од “експертите” кои активно учествуваат во “привидот за грижа за културното наследство”.

И ова е единствениот идентитет кој може(в)ме да го (од)браниме. Културниот и цивилизацискиот. И така се мери вистинитоста на искажаниот збор. Од односот кон сопствената земја, кон сопственото културно и природно наследство, кон сопствените институции, кон сопствените граѓани, кон вистината, кон функционалноста на општеството и системот базиран на владеење на правото.

А, всушност односот на државата кон Унеско е пресликана матрица од односот на државата кон ЕУ – и тој е реперот за влезот на Северна Македонија во ЕУ. Доколку Охрид и охридскиот регион бидат ставени на листа на загрозено културно наследство, тоа ќе значи директен влез на Унеско со целиот стручен и едукативен (поважно од финансиски) потенцијал за управување, конзервација и заштита на културното и природното наследство; од кое ќе имаме полза сите – освен “властите и клановите” и нивниот монопол во сите сфери, кои не’ довеле до тука.

На ист начин како што влезот во ЕУ е директен влез во светот на правила, систем и експертиза, од која корист ќе имаме сите – освен истите оние погоре “опишани”, за кои “идентитетот” очигледно е само параванот и обична алатка за не-чинење. Затоа што, да беше обратно – или за да биде обратно; нема да лобираат за перцепцијата и партијата, за самите себе, туку ќе лобираат за Охрид и охридскиот регион, за културното наследство кое исчезнува пред наши очи, ќе лобираат за сите нас. Ќе лобираат за, а не против идентитетот, нашето културно и природно наследство.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторката

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Никица КорубинОхридУНЕСКО

НАЈНОВО

Филипче: Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, од Мицкоски нема ни збор осуда

July 11, 2025

Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

July 11, 2025
Фото: Скриншот

Градоначалничката Арсовска: Јас и мојот тим бевме нападнати при увид на дивоградба во Чаир

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk