ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почнува снимањето на „Збогум, Копакабано“ – осмиот игран филм на Милчо Манчевски

July 11, 2025 14:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На повеќе локации во Скопје и околината од вторник, 15 јули, до крајот на август ќе се снима осмиот игран филм по сценарио и режија на Милчо Манчевски – „Збогум, Копакабано“, со работен наслов „Биста“. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и со меѓународна екипа од Македонија, Србија, Италија, Велика Британија, Албанија и Бугарија.

Се работи за социјална трилер-комедија за брат и сестра – Виктор, момче со интелектуална попреченост, и Малина (ги играат актерите Филип Трајковиќ и Сара Климоска) кои крадат бисти низ Скопје.

Режисерот Манчевски на прес-конференција со дел од екипата рече дека мото на филмот е „Брат, сестра и шахта“ и најави дека „ќе биде смеење низ солзи“.

-Филмот е за сестринска љубов, за саможртва, за добри и лоши луѓе, за богати и сиромашни, за слепи и окати, за тоа како живееме, како умираме и како се смееме, истакна Манчевски.

Работниот наслов „Биста“ е променет во „Збогум, Копакабано“ затоа што барал повесел наслов. Изведен е од прекарот на малото сиромашно село (според табла таму на која е напишано „Кино Копакабана“) каде што живеат главните ликови. Како што рече, Копакабана секогаш буди нешто разиграно и весело, а се врзува и со босановата и фудбалот.

Приказната за филмот е напишана пред три години и доби поддршка на Конкурсот на Агенцијата за филм во 2022 година како проект од национален интерес, но бил блокиран затоа што Манчевски пријавил корупција. Биле спремни тогаш да почнат со снимање, но, рече, проектот „бил блокиран како одмазда од филмската мафија“ која тој ја пријавил за корупција.

-Тоа траеше скоро три години. Во меѓувреме ние добивме две правосилни судски пресуди со кои се потврди дека конкурсите во Агенцијата тогаш беа местени, се потврди дека незаконски ме блокираа. На крај Агенцијата ги испочитува резултатите на конкурсот пред две и пол – три години и, еве, снимаме филм, рече Манчевски, додавајќи дека потврда за неговата пријава добиле и од надлежни институции – ДКСК, ДЗР, Транспаренси интернешенл, како и од филмската фела, меѓу кои и од Венецискиот фестивал.

Продуцент на филмот е Јане Ќортошев, кој третпат соработува со Манчевски,  по претходните филмови на режисерот „Врба“ и „Кајмак“.

-Ме радува секое ново дело на Милчо, и работата со сите пријатели. Предизвик беше да се стигне до тука по сите перипетии што ги имавме. Но, еве, тука сме, подготвени сме и тргнуваме на 15 јули, рече Ќортошев.

Соопшти дека до крајот на август ќе имаат 30 дена за снимање. Меѓу локациите ќе биде и Скопскиот аквадукт во Визбегово и додаде дека „ова значајно наше културно наследство конечно ќе биде запечатено на филм и потоа ќе биде уште попосетуван“.

Покрај Трајковиќ и Климоска, во актерската екипа се и: Соња Михајлова, Петар Мирчевски, Дејан Лилиќ, Јордан Симонов, Јасмина Василева, Стефан Николовски, Калина Наумовска, Ана Костовска, Иван Ѓошевски, Виктор  Арсов, Марина Поп Панкова, Сара Панковска, Александар Степанулески и Марин Гавриловски. Дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Дејвид Манс, а кинематографер е Стефано Фаливене, кој првпат е во проект на Манчевски и има богато професионално искуство и соработки со холивудски актери и режисери.

Музиката дополнително ќе се избира. Според режисерот, насловот на филмот треба да се цитира и во музиката, така што ќе има верзии од бразилската босанова.

Покрај од Агенцијата за филм, проектот е помогнат од три други национални филмски фондови – од Бугарија, Србија и Албанија, копродуцентите се од Италија и Албанија, а поддршка има и од домашни компании и институции.

Tags: Збогум КопокабаноМилчо Манчевски
Next Post
ФОТО: МКФ

Прв триумф на македонските јуниорки на ЕП во кошарка

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk