ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ердоган: Одлуката на Курдската работничка партија да го положи оружјето отвора нова страница во историјата

July 12, 2025 13:21
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Турскиот претседател Таип Ердоган денеска изјави дека за Турција се отвора нова страница во историјата, откако ден претходно помала фракција на Курдската работничка партија (ПКК) го положи оружјето.

За време на говорот на состанок на неговата партија во Анкара Ердоган изјави дека „проблемите на нашите браќа Курди во Ирак и Сирија се и наши проблеми“.

-Разговараме со нив за овој процес и тие се многу задоволни. Сега ќе ја фокусираме нашата енергија на нашата основна дејност. Нема да ги трошиме нашите ресурси за борба против тероризмот, туку ќе ги мобилизираме за развој. Турција ќе расте преку братство, рече Ердоган, пренесен од порталот Хуриет.

Тој нагласи дека Турција се движи во насока на стабилност и безбедност и им дава поддршка на сите што ќе направат чекор во таа насока.

-Од вчера, проблемот на тероризмот влезе во процес на самоизолација. Денеска е нов ден, се отвори нова страница во нашата историја. Денеска, вратите на големата, моќна Турција се отворија широко, рече Ердоган.

Околу 30 борци на ПКК вчера го запалија своето оружје во северен Ирак на симболична церемонија што го означи почетокот на крајот на деценискиот бунт против Турција.

Милитантите на ПКК, партија забранета во Турција, вчера го предадоа своето оружје во северната ирачка покраина Сулејманија, ветувајќи дека ќе ја продолжат својата борба на легален и демократски начин, што Турција го поздрави како конкретен чекор кон мирот.

Тие го објавија преминот од вооружена борба кон политички ангажман, потврдувајќи ја својата посветеност на „слобода, демократија и социјализам на легален и демократски начин“.

Одржаната церемонија е дел од планот за траен мир во пет фази. Таа следи по видео повикот од 19 јуни на затворениот курдски лидер Абдула Оџелан и претходната изјава од февруари кога Оџелан ги повика своите борци да се разоружаат и да го прифатат политичкиот пат.

ПКК го објави своето распуштање во мај и ја повика турската Влада да го ослободи Оџалан, кој од 1999 година се наоѓа во турски затвор на островот Имрали, и да преземе сериозни чекори кон политичко решение на курдското прашање. Покана беше испратена и до регионалните и меѓународните актери да го поддржат мировниот процес.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕрдоганПККТурција
Next Post
Фото: Скриншот

МВР определи 24-часовно полициско обезбедување на градоначалничката Арсовска

НАЈНОВО

Големи зборови, нејасни проекти – крај на кампањата со многу врева и малку визија!

October 17, 2025
Фото: ЗНАМ

Лабудовиќ: Центарци знаат што сакаат – време е за промени

October 17, 2025

Павел Иванов: Да гласаме за луѓе кои знаат, сакаат и умеат да го вратат достоинството на Штип

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk