Полската тениисерка Ига Швјонтек за помалку ид еден час игра ја декласира Американката Аманада Анисимова со 6:0 и 6:0 во женското финале на Вимблдон.
Ова е историска победа на полската тенисерка и прва таква во опен ерата на Вимблдон i шеста Грен слем титула во толку Грен слем финалиња.
Во текот на мечот Швјонтек имаше шест брејка од девет можности, притоа ривалката ниту еднаш не успеа да дојде до брејк топка. Во вкупниот број поени скорот беше 55:24 за Швјонтек.
Швјонтек досега имаше пет Грен слем титули, но на тревнатите терени на Вимблдон најдобар пласман и беше четвртфиналето од 2023 година, додека лани полската тенисерка беше елиминирана во третото коло.
Анисимова беше чудо од дете откако со 17 годии во 2019 година беше полуфиналистка на Ролан Гарос, но не успеа да во следниот период да се избори за Грен слем финале, се до денешното на Вимблдон.
Швјонтек и Анисимова се родени 2001 година и ова им беше нивни прв сениорски меч. Како јуниорки имаа одигра еден на јуниорскиот Фед куп каде победи Швјонтек во два сета.
Финалето во машка конкуренција се игра утре со почетокот 17 часот, а ќе играат Јаник Синер и Карлос Алкараз.
Ј. Ѓ.