Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди вчера беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим.
Ова воедно ќе биде трет тим од Турција за кој ќе настапува Барди, откако претходно беше член на Трабзон и на Бодрум.
Барди ќе го носи дресот со број 10.