ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

July 14, 2025 13:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на СДСМ и коалцијата поднесе комисиски амандман за ребалансот на Буџетот, со кој се предлага обезбедување на средства во висина од една милијарда и дваесет милиони денари за финансиска поддршка на повредените и семејствата на починатите лица во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“,  во Кочани, како и за реновирање и набавка на неопходна медицинска опрема за Општата болница во Кочани.

„Во март се случи најголемата трагедија во историјата на нашата држава. Загинаа 62 млади животи, а над 200 лица беа повредени, од кои многу со трајни последици. Владата досега не инвестираше доволно за справување со последиците, а најголем дел од помошта стигна од граѓаните и општествено одговорни компании преку Црвениот крст и Сапорт Кочани“, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Таа додаде дека амандманот е одговор на секојдневните апели на семејствата на загинатите и на повредените, кои со месеци бараат поддршка и правда.

„Сведоци сме секојдневно на излегувањето низ улиците на Кочани на семејствата на загинатите. Сведоци сме секојдневно на барањето на помош и поддршка од настраданите и повредените од оваа трагедија, од овој пожар, и од тие причини сметаме дека овој амандман навистина ќе помогне и во справувањето со проблемите во болницата, и за обезбедување на средства за реновирање и за обезбедување на медицински материјал, меѓутоа и во оној дел што значи поддршка и помош на семејствата и на повредените од пожарот во Кочани“, рече Тренчевска.

При тоа, Тренчевска апелираше до сите пратеници да го поддржат амандманот, испраќајќи порака дека Собранието треба да стои зад граѓаните во најтешките моменти.

„Да покажеме дека сме единствени кога е најпотребно – за да помогнеме, да обновиме и да вратиме надеж таму каде што е најмногу изгубена“, изјави Тренчевска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: амандманиКочаниСДСМ
Next Post

Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk