Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
„Маркет Вижн“ фатени со спуштени гаќи.
Ацо Вижн им ја откри ујдурмата. Благодарение на свои извори.
Еве за што се работи…
На прашањето:
„Дали го поддржувате партнерството и кредитот од Велика Британија кој ќе се користи за стратешки инфраструктурни проекти?“
Резултатите од анкетата биле поразителни за ‘планот на ВМРО’:
29,1% … Не го подржувам!
22,3% … Делумно го подржувам!
18,9% … Целосно го подржувам!
16.0% … Не сум слушнал за ова партнерство!
12,5% … Немам доволно информации да оценам!
1,2% … Не сакам да одоговорам!
И Маркет Вижн прави финта G6, па одговорите од втората и третата опција ги собираат и ги ставаат на едно купче „Целосно/Делумно го подржувам!“
И објавуваат вакви резултати:
41,2% … Целосно/Делумно го подржувам!
29,1% … Не го подржувам!
16.0% … Не сум слушнал за ова партнерство!
12,5% … Немам доволно информации да оценам!
1,2% … Не сакам да одоговорам!
Сосема доволно за медиумите да почнат да објавуваат текстови со вакви наслови:
ПлусИнфо: „Граѓаните ја препознаваат искрената намера на договорот со Обединетото Кралство“
НетПрес: „Мнозинството граѓани го поддржуваат договорот со Велика Британија“
Лидер.мк: „Позитивен одзив кај граѓаните за проектот со Велика Британија“
Алфа: „Висок процент од граѓаните го поддржуваат стратешкото партнерството на Македонија и Велика Британија и кредитот за проекти во инфраструктурата.“