ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николоски: На одличен пат сме да обезбедиме енерегетска независност и конкурентност на индустријата на странските пазари

July 16, 2025 14:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Министерство за транспорт

Министерство за транспорт

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски порача дека Македонија денеска испишува нова историја на полето на зелената транзиција, со стартот на изградбата на најголемиот ветерен парк во близина на Штип, инвестиција од над 500 милиони долари на компанијата „Алказар енерџи“, со која ќе се обезбеди електрична енергија за 100 илјади домаќинства, како и преку 600 нови работни места.

Николоски во обраќање на свеченоста рече дека проектот е најголема инвестиција во обновливи извори на енергија и ќе ја засили енергетската безбедност, ќе создаде нови работни места и ќе донесе почиста, поевтина и обновлива енергија за идните генерации.

– Минатата година кога разговаравме со Премиерот околу Владата, околу ангажманот и визијата на Владата, проектите, и мојот личен ангажман во Владата, Премиерот како еден од главните приоритети го стави токму ова, а тоа беше зелената транзиција и тоа да Македонија стане лидер во производство на зелена енергија на Балканот.
Неговата лична визија и она што го покажал во минатото, имајќи во предвид дека е автор на првиот ветерен парк во Македонија, не доведе денеска да можеме да сме тука и да почнеме еден навистина голем проект. Ова е само еден почеток, јас сум убеден дека ќе имаме и многу, многу други големи проекти и големи причини да бидеме тука и да славиме. Исто така сум убеден дека оваа порака ќе одекне добро и помеѓу заедницата на инвеститори, рече Николоски.

Според него, со реализацијата на овој проект покажуваме дека како нација можеме да водиме големи проекти.
Ова што го правиме денеска, наведе, прво е значајно, од човечки аспект. Кога патуваме надвор, она што можеби најмногу не’ импресионира, особено во Северна Европа, е кога ќе ги видеме ветерниците и тоа е некој симбол за развој, симбол за прогрес, симбол за 21. век и каде се движи човештвото. Така што, ова што ќе се случува во годините пред нас, е и психолошки добро да покажеме, дека како нација можеме да водиме големи проекти.

– Второ, во однос на економијата, имаме директен и индиректен импакт. Директниот импакт е она што ќе се произведе и што ќе се продаде, кое што директно влегува во БДП. Но индиректниот е многу поголем, не само во изградбата во годините што следуваат пред нас, не само во придобивките кои што ќе ги имаат трите општини, на чија што територија ќе биде овој ветерен парк, туку пред се’ за стопанството и за индустријата, затоа што светот оди напред. Европската Унија правилата на зелена транзиција ги постави и нема да се врати назад од тие правила, а тие правила велат, особено во металната, во челичната индустрија, во тие индустрии кои што придонесуваат најмногу за нашиот БДП, дека веќе од 2026 година мора да се користи зелена енергија, во спротивно се плаќа казна за тие што не користат таква енергија. За да го спречиме тоа и да дадеме шанса на нашата економија и индустрија, да се конкурентни надвор, затоа што ние сме мал пазар и мора да се бориме надвор, доколу сакаме да сме успешни, овој проект и вакви проекти ќе допринесат многу за да бидеме лидери и во индустриското производство. И затоа како Влада правиме се’ да ги поддржиме, рече Николоски.

На настанот се обратија и директорот на компанијата и инвеститор, Даниел Калдерон, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Со инвестицијата на Алказар од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават електрична енергија за 100 илјади домаќинства. Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Србија од октомври ја зголемуваат минималната плата на 500 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk