ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НАСА одлучи да не го објавува последниот извештај за климатски промени – немале законска обврска за тоа

July 17, 2025 13:51
in TECH FRONT, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот од видео на НАСА

Фото: Скриншот од видео на НАСА

Share on FacebookShare on Twitter

Националната климатска проценка (НЦА) – примарната, рецензирана проценка за климатски промени што ја спроведува Американската влада на секои четири – пет години, нема да биде објавена на интернет-страната на НАСА. Ова е промена на политиката на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, откако Белата куќа објави дека документот ќе биде јавно достапен на интернет.

НЦА е законски задолжителен извештај што се објавува двапати во десет години и дава анализа на влијанијата од климатските промени низ САД. Тој ги опишува тамошните ризици што климатските промени ги претставуваат за јавното здравје, земјоделството, инфраструктурата и друго, и се користи за водење на општините во ублажување на ефектите од природни катастрофи како што се поплави, топлотни бранови, бури и суши на затоплувачката Земја. Според некои наводи, одлуката на НАСА го отежнува пристапот на јавноста до НЦА, којашто содржи клучни научни наоди што се користат за следење на влијанијата и опасностите од климатските промени низ САД.

НАСА вели дека нема да го објави извештајот, бидејќи нема законска обврска да го стори тоа. Овој потег е во спротивност со изјавата на Белата куќа од 3 јули дека НАСА е именувана како нов „домаќин“ на документите откако оригиналната веб-страна „Глобалчејнџ“ беше затворена. Според наводите, законската обврска е исполнета со презентирање на извештајот пред Конгресот.

Претходните извештаи сѐ уште може да се погледнат на интернет-архивата на Националната океанска и атмосферска администрација (НОАА) на САД.

Крајот на јавниот пристап предизвика загриженост во врска со транспарентноста на Владата и долгорочната поддршка за истражување на климата. Предлогот за буџетот на НАСА за 2026 година веќе предлага намалување од 47 отсто во финансирањето на науката, иако тоа би можело да се соочи со отпор од пратениците во Конгресот. Следниот извештај на НЦА би требало да биде објавен во 2028 година. Според „Њујорк тајмс“, Администрацијата на претседателот Доналд Трамп уште во април отпушти стотици научници кои работеа на претстојниот извештај.

Tags: Климатски промениНАСАТрамп
Next Post

Судењето против Раде Трајковски - Штекли одложено поради здравствени причини

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk