Германскиот канцелар Фридрих Мерц телефонски разговараше со премиерот Бенјамин Нетанјаху и изрази надеж за прекин на огнот во Газа, истовремено повикувајќи на безбеден пристап до хуманитарна помош, соопшти портпаролот на германската влада.
– Канцеларот нагласи дека итно потребната хуманитарна помош сега мора да стигне до луѓето во Појасот Газа на безбеден и хуман начин, се вели во соопштението на портпаролот.
– Канцеларот нагласи дека не смее да има чекори кон анексија на Западниот брег, јави Тајмс оф Израел повикувајќи се на соопштението.