ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

July 20, 2025 13:00
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ, МАГАЗИН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Не е за изненадување дека високите температури влијаат и на менталното здравје. Повеќето од нас не се чувствуваат најдобро кога надвор е претопло, и за тоа постои причина. Имено, психолошките реакции на топлината, можат да варираат од стрес до клинички нарушувања.

Високите температури претставуваат посебен предизвик за луѓето со ментални нарушувања, бидејќи симптомите се влошуваат – нерасположението и анксиозноста растат со зголемувањето на топлотниот бран. Исто така, во светски рамки, забележано е и зголемување на бројот на психијатриски хоспитализации за време на периодот на екстремни горештини.

Високите температури имаат комплексен и значаен ефект врз менталното здравје. Може да влијаат врз психолошката стабилност, когнитивните функции, емоционалната регулација и општата добросостојба на поединецот.

Според некои студии, високите температури можат да го активираат симпатичкиот нервен систем – истиот систем што се активира и при анксиозност. Резултатот на тоа е телесна реакција што изгледа како паника, дури и лицето кога не е вознемирено психолошки.

Во разговор за МИА, психологот и психотерапевт Ивана Хаџиванова вели дека од психофизиолошка перспектива, телото под влијание на високи температури троши дополнителна енергија за терморегулација, што влијае за чувство на замор, раздразливост и намалена способност за концентрација.

Таа посочува дека претоплото време може да предизвика повлекување од социјални активности, зголемувајќи го чувството на изолација кај некои луѓе.

– Топлото време придонесува и за намалување на мотивацијата и работниот перформанс кај многу луѓе во лето и отежнато општо дневно функционирање. Долготрајната изложеност на топлотни бранови може да делува како хроничен стресор за организмот, честопати нарушувајќи го квалитетот на сонот. Ова може да доведе до покачување на нивото на кортизол (хормон на стрес) и до промени во невротрансмитерите во мозокот, кои имаат важна улога во регулирањето на расположението, емоционалната стабилност и психичката отпорност, особено кај лица со депресија или кај оние кои редовно консумираат алкохол, вели таа за МИА.

Хаџиванова посочува дека кај лицата со зголемена телесна тежина, честопати се јавуваат потешкотии со терморегулацијата, што може да предизвика зголемена физичка и психолошка чувствителност, како и изразен дискомфорт при високи температури.

– Бремените жени исто претставуваат чувствителна група, а и лицата со ограничени финансиски ресурси и без пристап до климатизација или здравствена поддршка, се особено ранливи на негативните ефекти од високите температури, истакнува таа.

Според неа, луѓето кои спијат во несоодветно разладени простории пријавуваат почеста раздразливост, вознемиреност и потешкотии со емоционална контрола.

Хаџиванова посочува дека жештините можат да влијаат на секого, но одредени групи се почувствителни и со поголем ризик и влијание врз психо-физичкото здравје.

– Повозрасните лица и децата се чувствителни групи поради намалената способност за терморегулација и адаптација, а лицата со деменција може да имаат потешкотии да препознаат или реагираат на топлината, што ги изложува на сериозен ризик. Кај лицата со одредени медицински состојби, хронични заболувања и ограничена подвижност, покрај вулнерабилноста од медицинските состојби, физичката непријатност е дополнителен психолошки стрес, нагласува таа.

Додава дека кај лицата со ментални нарушувања, анксиозност, депресија, зависности од психоактивни супстанци и други ментални растројства, постои ризик од влошување на симптомите за време на летните жештини поради засилен психофизиолошки стрес и други поврзани фактори.

– Кај анксиозните лица, телесните реакции на топлина како забрзана срцева работа, потење или вртоглавица, често се доживуваат како сигнал за опасност, што доведува до дополнително засилување на анксиозната симптоматологија, зголемена психолошка напнатост и намалена адаптивност, појаснува Хаџиванова.

Фото: МИА

Како да се заштитиме?

Психотерапевтот Хаџиванова советува дека во услови на жештини, за да го заштитиме менталното здравје, потребно е да останеме разладени, хидрирани и психолошки стабилни.

– Престој во климатизирани простории, заштита под сенки и покриени надворешни простори, туширање со млака вода и избегнување движење на директно сонце и физички напор во најтоплите часови се едноставни, но ефективни мерки, вели таа.

Ја препорачува и редовната хидратација, која е клучна за психофизичка рамнотежа, а во однос на исхраната, во услови на жештини, треба да се конзумира лесна и нутритивно балансирана исхрана богата со свежо овошје, зеленчук и храна со витамини и минерали што исто придонесува за подобра хидратација, енергетска рамнотежа и психолошка стабилност.

– Доколку се појават симптоми како раздразливост, немир или влошено расположение, важно е да се забави со темпото и, ако е потребно, да се побара стручна поддршка. Лицата кои земаат психофармаколошка терапија треба да се консултираат со доктор психијатар за евентуални прилагодувања, доколку почувствуваат промени во својот психолошки статус, истакнува таа во разговорот за МИА.

Потенцира дека од особена важност при високи температури е да обрнеме внимание и на секојдневните навики.

– Лесна, широка и светла облека може да ја штити кожата и да помогне телото полесно да се разлади и да го намали непријатното чувство. Намалување на консумацијата на кофеин и алкохол исто така може да придонесе за подобра хидратација и емоционална стабилност, вели таа.

Потенцира дека е добро е да се задржи стабилна дневна рутина со доволно време за одмор, релаксација и социјална поддршка, а доколку постои можност, престој во природа, на места со чист воздух и пријатна температура, дури и на кратко, може значително да придонесе за обновување на менталната енергија.

– Техниките за релаксација и свесна присутност можат да помогнат во управување со стресот, поголема толеранција и прифаќање. Потребно е внимателно следење на промените во физичкото и менталното здравје за време на екстремни температури и навремено реагирање. Временските услови не се во наша контрола, но во наша контрола ни е грижата за себе, навиките и однесувањето, кои свесно треба да бидат во насока на заштита, заклучува Хаџиванова во разговорот за МИА.

Од УХМР најавија дека под влијание на топла воздушна маса од југ, следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува од утре, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30, на повеќе места ќе надминува 35, а наместа ќе биде и над 40 степени.

Неда ДИМОВА ПРОКИЌ / МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ/ Фотографија: Б. Јордановска

Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

July 20, 2025
Генерирано со ВИ

При полетувањето и слетувањето, ролетните на авионот треба да бидат подигнати

July 20, 2025

Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Загина мотоциклист на автопатот Табановце-Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk