ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

При висок УВ-индекс да се избегнува престој на отворено – апелираат дерматолозите

July 22, 2025 14:27
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заштитата од сонце треба да е задолжителна во дневната рутина на пациентите, особено во услови на високи температури и зголемен УВ-индекс, повикаа денеска надлежните од Кумановската општа болница. Заштитата е неопходна за здравјето на најголемиот орган-кожата советува доктор Лилјана Пандиловска, дерматовенеролог од Општа болница Куманово, началник на одделот за дерматовенерологија.

Изгореници, алергиски реакции, инфекции, но и сериозни заболувања може да бидат последици од непочитување на основните правила за заштита. Летово зголемен е бројот на пациенти кои бараат совети и здравствена грижа за црвенило, чешање, појава на фоликулитис, бактериски инфекции, што често е резултат на комбинацијата на сонце, вода и неподготвена кожа.

-Пред сè, би апелирала до сите граѓани да не се изложуваат директно на сонце во периодот од 10 до 17 часот, кога УВ-индексот е највисок. Доколку мора да се излезе на отворено, потребно е да се заштити кожата со соодветна фотопротекција, односно креми со заштитен фактор (SPF). Овие препарати треба да се нанесуваат најмалку 20 до 30 минути пред излегување и да се обновуваат на секои два часа, особено по потење, капење или бришење со пешкир, изјави д-р Пандиловска.

Облеката во лето игра клучна улога во заштитата, треба да биде светла, лесна и од природни материјали, памук или лен, што пропуштаат воздух, но штитат од зрачење. Очите треба да се заштитени, важно е да се носи капа или шешир.

– Кај децата, особено кај бебињата, кожата е многу почувствителна и лесно може да се оштети. Тие во ниту еден случај не треба да се изложуваат на директна сончева светлина. Најдобро е да бидат во сенка, а кога се надвор, задолжително да носат заштитна облека, капчиња и да се користат фотопротективни препарати наменети за деца. Пожелно е и користење облека со вграден УВ-филтер, вели д-р Пандиловска.

Првична заштита при изгореници е нанесување ладни облоги, лекарите препорачуваат и користење креми за обнова на кожата. Но, доколку се појави црвенило, чешање, плускавци – задолжително да се консултира дерматолог.

– Кожата „памети“. Потемнувањето на кожата е знак дека меланоцитите веќе реагираат на зрачењето и е знак на траума. Затоа превенцијата е најважна. Кожата треба да се чува во текот на целата година, додава Пандиловска.

Tags: УВ-индекс
Next Post

Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација

НАЈНОВО

Гувернерот на Оклахома помилува осуденик на смрт неколку часа пред егзекуцијата

November 15, 2025
Хороскоп со Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

November 15, 2025
AI Generated Image

Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk