ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муцунски – Герапетритис: Атина го поддржува Скопје на европскиот пат

July 23, 2025 19:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Длабоко верувам во потенцијалот на нашите односи. Во силата на дипломатија заснована на почит. И во нашата заедничка способност да изградиме иднина што ќе биде функционална. Не само денес, туку и за генерациите што доаѓаат, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис и порача дека „меѓусебното почитување е основата врз која се гради трајна соработка“, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефовите на двете дипломатија над два часа разговараа на средбата и работниот ручек во Министерството за надворешни работи на Грција за време на првата посета на министерот Муцунски на Атина, средба за која рече дека била конструктивна, а во фокусот на разговорите се најдоа билатералните односи, соработката во повеќе области, ЕУ перспективата на земјава и регионот.

И Муцунски и Герапетритис во изјавите за медиумите по средбата порачаа дека двете земји имаат силна соработка во повеќе области и изразија подготвеност дополнително да се продлабочи.

– Реафирмиравме нешто суштинско: дека како соседи и НАТО сојузници, нашата соработка е важна. Важна е за нашите земји, важна е за целиот регион, и за вредностите што сите заедно ги застапуваме. Изразив благодарност за доследната поддршка што Грција ја дава за нашиот европски пат и за нејзината постојана улога како застапник на европската иднина на Западен Балкан. Тоа партнерство не само што го цениме, го гледаме како суштинско, порача Муцунски.

Посочи дека се фокусирале и на „напредокот што носи реални резултати за нашите граѓани“.

– Инвестиции, трговија, инфраструктура, енергија… Разговаравме за проекти како Коридорот 10 и интерконекторот за гас – не само како технички напори, туку како двигатели на раст, безбедност и регионална поврзаност, рече министерот Муцунски.

Дополнително разговарале и за регионалната и на глобалната безбедност, при што ја потврдиле заедничката посветеност во рамки на НАТО и „потребата од блиска координација во овие неизвесни времиња“, додавајќи дека поддршката за Украина „мора да остане непоколеблива“, но се осврна и на заедничките напори во справувањето со „штетни влијанија и да застанеме во одбрана на стабилноста и демократските принципи“.

Двајцата министри, како што рече Муцунски, ја нагласиле важноста на Меѓународното јавно право и обврските што двете страни ги презедоа, бидејќи „меѓусебното почитување е основата врз која се гради трајна соработка“.

– Исто така, изразив искрена благодарност за солидарноста на Грција за време на трагедијата во Кочани и неодамнешните вонредни ситуации кај Дојран. Тоа не беа само гестови на помош, туку вистински дела на пријателство, рече министерот Муцунски.

 

На помошта и солидарноста на Грција за нашата земја се осврна и шефот на грчката дипломатија кој рече дека „обединети од географијата, нашите земји стојат рамо до рамо, подготвени да си помогнат и се поддржат една со друга во моменти на потреба“, истакнувајќи дека „чиновите на солидарност ја зајакнуваат довербата и ги приближуваат нашите народи“.

– Грција и Северна Македонија воспоставија силна соработка во различни области, вклучувајќи ја економијата, трговијата, инвестициите и проекти за меѓусебно поврзување преку транспортни и енергетски мрежи. Се согласивме да ја продлабочиме нашата заемно корисна билатерална соработка во овие сектори, вклучително и преку Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. Преку својата клучна енергетска инфраструктура, Грција може да дејствува како енергетски центар во Југоисточна Европа и значајно да придонесе за енергетската диверзификација и отпорност на Европа. Стратешките проекти во енергетскиот сектор, како што е гасниот интерконектор Грција – Северна Македонија, имаат суштинска улога во остварувањето на оваа цел, рече Герапетритис.

Потсети на поддршката на Грција за нашето членство во НАТО во 2020 година и изрази желба за унапредување на соработката во рамките на Алијансата. Тој се осврна и на Солунската агенда од 2003 година за забрзување на интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија, при тоа уште еднаш изразувајќи ја грчката поддршка за ЕУ перспективата на нашата земја и на регионот.

– Сакам повторно да ја истакнам поддршката на Грција за напредокот на Северна Македонија по европскиот пат, врз основа на утврдените услови и начелото на сопствени заслуги, со особено внимание на основните критериуми. Во овој контекст, дозволете ми да ја подвлечам крајната важност од целосна, доследна и со добра волја имплементација на Договорот од Преспа, вклучително и ерга омнес употребата на уставното име на државата, рече Герапетритис.

Дополнително рече дека во конкретните околности на нестабилност, вооружени конфликти и внатрешни превирања, „од клучна важност е придржувањето кон меѓународното право“.

За денешната работна посета во Атина, а пред средбата со Герапетритис министерот Муцунски на Инстаграм, објави фотографија од грчката метропола и напиша дека заедно со директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, ќе се сретнат со раководството на грчката компанија „Ронтис“, која веќе успешно инвестира и работи на нашиот пазар.

Муцунски се осврна и на претстојните, како што напиша, значајни активности.

– Учество на министерски состанок во Истанбул, каде што на покана на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, ќе се сретнеме со колегите од целиот регион. А неделата е резервирана за Илинденската коњаница во славното и патриотско Горно Лисиче, напиша Муцунски.

Поздрав од Атина – билатералната соработка, економијата и инвестициите во фокусот, напиша на Инстаграм министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски непосредно пред сре

На објектот на грчкото МНР што се наоѓа во центарот на Атина веднаш спроти Парламентот, развиорено е македонското знаме заедно со грчкото, а шефот на дипломатија пристигна пеш и на влезот беше пречекан од Герапетритис.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГерапетритисГрцијаМуцунски

НАЈНОВО

Русија и Украина не постигнаа договор за прекин на огнот, ќе има размена на војници и цивили

July 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Штетна е Резолуцијата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, отвора прашање за јазикот што веќе е затворено

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на CNN

    (ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk