ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред

July 24, 2025 16:36
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ го донесоа изгласаа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов од собраниската говорница порача дека е горд како млад пратеник што секој студент до 29 години ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред, посочувајќи дека младите се во фокусот на оваа Влада.

-Констатирам дека кога ВМРО-ДПМНЕ е во прашање и младите во Република Македонија зборот е збор и затоа денес сум горд што сум овластен предлагач на Законот за вредносни ваучери со секој студент запишан на додипломски студии до 29 години од септември ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за да набави електронско помагало во форма на лап топ таблет или персонален компутер, рече Попов.

Даниела Николова од СДСМ ги поздрави мерките што го унапредуваат студентскиот стандард, посочувајќи дека ќе го поддржат законското решение, но ја критикуваше власта дека дури по една година се сетила на младите.

-Меѓутоа велите се враќа довербата, сега повеќе се размислувало за младите, но знаете дека тоа не е така, ова е прва мерка што ја предлаа Владата во цела оваа година што се однесува на младите, рече Николова.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески истакна дека за оваа намена од државниот Буџет издвоени се 850 милиони денари со кој опфатени ќе бидат 55 илјади студенти.

Јаулески посочи дека секој студент до 29 години запишан во учебната 2025-2026 година ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.

-Денес на дневен ред е Законот за вредносни ваучери со коишто се предвидува набавка на електронски уреди во форма на лаптоп, персонален компјутер или таблет. Право на овој ваучер ќе имаат сите студенти до 29 години коишто се запишани коишто се запишани во учебната 2025-2026 година. И со оваа финансиска поддршка од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари. За секој студент 15.300 денари, а ќе се опфатат над 55 илјади студенти, рече Јаулески.

Пратеникот посочи дека целта на овој закон е дигитална писменост, еднаков пристап за сите студенти до електронски уред и развивање на технолошката писменост, посочувајќи ги и другите мерки кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира за младите.

Во рамки на 60-та седница пратениците ги донесе следниве закони – Закон за изменување на Законот за стоковните резерви, Законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи и Законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони.

Пратениците во рамки на продолжението на 62-та седница го донесоа и Законот за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво.

Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски информира дека седницата по преостанатата точка за испрќаање на припадници на Армијата во мисијата на УНИФИЛ дополнително ќе биде закажана.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: електронски уредзаконстудент
Next Post

СДСМ: Со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

НАЈНОВО

Тројца од повредените пожарникари од пожарот во „Макпрогрес“ пуштени на домашно лекување

September 9, 2025

Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

September 9, 2025

Украинскa бегалка избодена до смрт во Северна Каролина, осомничениот уапсен и обвинет за убиство, Трамп го нарече нападот „ужасен“

September 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • EXIT против Вучиќ, Орце со EXIT – што значи ова за ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што кажа Орце, а што кажува EXIT

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk