ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Царината спречи шверц на масло од канабис, цигари и облека „Викторија сикрет“

July 25, 2025 12:02
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови спречија обиди за криумчарење семки и масло од канабис, ноќна облека „Викторија Сикрет“ и „Гучи“, значителна количина цигари, а спречен е и нелегален влез на мигранти, информира Царинската управа во соопштение што МИА го објавува интегрално.

Царинска управа: Канабис, луксузна облека, цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење 14 семки од канабис и 0,5 грама масло од канабис, коишто американски државјанин се обидел да ги внесе во државата преку Меѓународен Аеродром Скопје.

По спроведената предистражна постапка од страна на Одделението за истраги предметот е предаден на надлежното Основно јавно обвинителство при што со одлука на обвинителството, семките и маслото од канабис се одземени. Случајот е откриен кога мобилниот тим, поради сомневање, го селектираше патникот за детална контрола. При извршениот преглед и личен претрес, во личниот багаж беше пронајдена бела кесичка со епрувета во која имало седум семки од канабис. Дополнително, во џебот на дуксерот што го носел со себе била пронајдена уште една епрувета со седум семки од канабис, а во чорапот на десната нога, епрувета со жолтеникава течност со интензивен мирис на канабис. Царински службеници на граничен премин Богородица спречија нелегален влез на тројца илегални мигранти, државјани на Египет. Мигрантите се откриени при контрола на товарно моторно возило каде биле скриени во просторот за палети.

Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за шверц на 400 парчиња женска долна и ноќна облека со потписот на „Викторија Сикрет“ и „Гучи“. Патникот се обидел да влезе во државата без да ги пријави производите кај царинскиот орган, при што се определил на т.н. зелен канал – наменет за патници кои немаат стока за пријавување. Поради сомневање, бил селектиран за детална контрола при што во личниот багаж и ранецот што го носел, била пронајдена непријавената брендирана облека.

Царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје запленија 850 парчиња играчки поради основано сомнение за повреда на право од интелектуална сопственост. Сомнителната пратка која пристигнала од Кина и била наменета за увозник од Скопје, се состоела од 200 слушалки, 300 држачи за мобилни телефони и 350 привезоци — сите со ознаки на заштитени трговски марки.

Мобилен царински тим откри три илјади парчиња цигари и еден килограм тутун во личниот багаж на патник, македонски државјанин, кој требало да патува за Лондон. Случајот е откриен по извршена рендгенска и детална контрола на багажот, при што е откриена значителна количина на акцизна стока без акцизни маркички.

Во друг случај, на граничниот премин Богородица, во кабината на камион со цистерна, под тапацирот на една од фиоките, царински службеници открија 11 штеки цигари.

Музички инструменти, аудио опрема и друга електроника се запленети во три случаи на влез во државата на граничните премини Табановце и Меѓународен Аеродром Скопје, откако царински службеници и мобилен тим ги открија во возила со кои македонски и странски државјани се обиделе да ги криумчарат. Запленетата стока е со проценета вредност од 736 илјади денари.

– Во првиот случај, откриен на граничниот премин Табановце, во комбе со швајцарски регистарски таблички управуван од италијански државјанин, во багажникот биле откриени 5 музички инструменти (вклучувајќи синтисајзери, кларинет и саксофон), перална машина и компјутерски монитор со вредност од 588.833 денари.
– Во вториот случај, откриен исто на Табановце, мобилен царински тим заплени употребувана аудио опрема скриена во автомобил со холандски таблички управуван од државјанин од Албанија. Меѓу производите имало JBL звучници, EUROPOWER засилувач, DJ миксета PIONEER и перач под притисок Karcher.

– Во третиот случај, на Меѓународен Аеродром Скопје, царинските службеници открија електрични тапани и аудио опрема Roland во патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Брисел.

Царински службеници на граничен премин Табановце во два случаи спречија обиди за нелегален внес на девизи во износ од 21 илјада евра. Во првиот случај при контрола на автобус, во личната торбичка на еден од патниците се пронајдени 19.600 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, додека 9.600 евра биле привремено задржани. Во вториот случај, во возило со кое патувале двајца патници се пронајдени вкупно 31.400 евра, при што согласно закон на двајцата патници им биле вратени по 10 илјади евра, додека останатите 11.400 евра се привремено задржани.

Службата за мобилни скенери, во кабина на камион што бил пријавен како празен, на влез во државата на граничниот премин Табановце, откри вкупно 105 парчиња облека и обувки, како и друга разновидна стока со вкупна вредност од 170 илјади денари.

Автомобилска опрема со вкупна вредност од над 100 илјади денари е откриена при контрола на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничен премин Табановце. Непријавените автоделови биле скриени во кутии поставени на креветот во кабината, како и во странични прегради на влекачот.

На граничниот премин Блаце царински службеници спречија обид за криумчарење на 20 парчиња автомобилски делови за возила од марката „Хјундаи“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Царинска управа

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk