Пишува: ДРАГАН МИШЕВ
Руските пропагандисти ја користат секоја прилика за да ги пласираат своите лажни наративи, за кои сесрдна поддршка добиваат од своите инсталации низ Балканот, како дел од српско-рускиот свет, во кои преку одредени медиуми, но и владини претставници е вовлечена и Северна Македонија. Последните случувања во Украина поврзани со протестите против законот со кој се поткопуваа независноста на украинските антикорупциски институции, и лажните наративе кои се користат околу нив, само го потврдува она за што, како организација која се бори против дезинформациите и малициозната пропаганда, алармираме години наназад.
Украинците на 22 и 23 јули излегоа на улиците на првите масовни антивладини протести во земјата од почетокот на целосната руска воена инвазија три и пол години претходно. Илјадници граѓани се собраа во градовите низ целата земја првата ноќ со јасна цел: да го повикаат претседателот Володимир Зеленски да стави вето на закон усвоен во парламентот со кој се отфрлаат антикорупциските реформи и да изразат гнев поради неодамнешните владини напади врз антикорупциските личности.
Но, тоа го злоупотреби екстремно десничарската конгресменка на САД, Марџори Тејлор Грин, да ги искористи протестите за лажно да тврди дека демонстрантите се лути на Зеленски поради недостатокот на мировен договор со Русија.
„Во Кијив избувнаа огромни протести против украинскиот претседател Зеленски, бидејќи тој е диктатор и одбива да склучи мировен договор и да ја заврши војната“, тврдеше таа на X, во објава што стана вирална со повеќе од 50.000 лајкови, и покрај ширењето лаги за причината за протестите.
Huge protests erupt in Kyiv against Ukrainian President Zelensky as he is a dictator and refuses to make a peace deal and end the war.
Good for the Ukrainian people! Throw him out of office!
And America must STOP funding and sending weapons!!!
— Rep. Marjorie Taylor Greene🇺🇸 (@RepMTG) July 22, 2025
Репортерите на „Кијив Индепендент“ кои беа присутни на протестите во двете вечери не видоа докази дека демонстрантите биле лути на Зеленски поради недостатокот на мировен договор.
„Вето на законот“, скандираа демонстрантите постојано, додека рачно напишаните знаци се однесуваа на законот, пратениците кои гласаа за него и антикорупциските институции кои се нападнати, заедно со поопшти чувства на протест.
„12414 е бројот на предавство“, пишуваше на еден транспарент, користејќи го бројот на законот регистриран во парламентот, додека други едноставно го покажуваа бројот со X врз него.
Еден демонстрант држеше картон на кој пишуваше: „#12414 = 1984“.
Васил Волотовски, 24-годишен маркетинг стратег кој присуствуваше на протестот, кога беше прашан за коментарите на Грин, рече:
„Искрено сум шокиран од тоа колку длабоко руската пропаганда се протнала во владата на земја која дури и не се граничи со Русија“.
„Ова тврдење (во објавата на Грин) не е ништо друго освен сурова измислица на целите на протестот. Сè што сакавме беа фер закони што ја претставуваат волјата на народот. Јас самиот – и верувам дека мнозинството учесници – сме всушност гласачи на Зеленски и бевме таму за да го покажеме нашето несогласување со неговата одлука, а не да се кренеме против самиот Зеленски“, додаде Волотовски.
Во објава на Фејсбук од 22 јули, ветеранот Дмитро Козијатински, на кого му се припишува помагањето во организирањето на протестите, ги повика Украинците да се соберат на улица и конкретно ги наведе ефектите од законот врз Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјализираниот обвинител за борба против корупцијата (САП) како причина.
„Како што знаете, денес парламентот гласаше за промени што ќе ја елиминираат независноста на антикорупцискиот систем. Членовите на парламентот одлучија дека НАБУ и САП треба да бидат подредени на генералниот обвинител“, напиша Козјатински. „Затоа, земете картон од кутии и направете постери каде што ќе напишете сè што мислите за неодамнешниот напад врз антикорупцискиот систем.“
Ниту тврдењето на Грин дека Зеленски одбил да ја заврши војната не е точно. Претседателот неодамна предложи нова рунда мировни преговори со Русија и постојано ја нагласуваше потребата од прекин на огнот, предлагајќи 30-дневен прекин на огнот во мај, што Русија постојано го отфрлаше.
Нова рунда разговори се одржаа во Истанбул вечерта на 23 јули, повторно безуспешно, поради одбивањето на руската страна да прифати целосно и безусловно примирје.
Досега, Украина направи повеќекратни отстапки за време на преговорите, додека Русија одби да се повлече од своите максималистички барања и нагласи дека нејзината цел е „брза победа и целосно уништување“ на владата на Украина.
Проруските медиуми ја користат Грин за својата пропаганда
Сепак, коментарите на Грин беа забележани и засилени од про-Кремљ пропагандистите, вклучувајќи го и медиумот „Евразија дејли“, чија што лиценцирана програма беше суспендиран од Европската Унија поради тоа што беше „суштински и инструментален во поттикнувањето и поддршката на руската агресивна војна против Украина и за дестабилизација на нејзините соседни земји“, како и државната РИА Новости, која исто така е блокирана во ЕУ поради ширење пропаганда.
Некои од демонстрантите рекоа дека очекуваат Русија да се обиде да ги искористи протестите против Кијив и изразија надеж дека странците нема да бидат заведени од дезинформации.
„Вчера, стотици Украинци, вклучувајќи ме и мене, посетија масовен мирен протест во Киев и други градови за да ја заштитат независноста на две антикорупциски институции“, изјави Орисија Химијак, 32-годишна активистка, за „Кијив Индепендент“.
„Транспарентноста е барем она што можеме да им го обезбедиме на нашите странски сојузници и земјите што толку великодушно нè поддржуваат со оружје и помош, за да можеме да ја продолжиме нашата борба против терористичка држава – Русија што се обидува да нè уништи.
„Знам дека проруските сили ќе го искористат овој случај за нивната пропаганда, а ние ризикуваме да ја изгубиме поддршката и помошта од нашите сојузници. Се надевам дека г-динот претседател (Зеленски) нема да дозволи тоа да се случи.“
Грин, кој има досие за промовирање неосновани теории на заговор, е една од најжестоките противници на помошта за Украина, во Конгресот на САД и постојано е обвинувана за папагалско повторување на руската пропаганда.
Минатата година, Грин се обиде да измени пакет за помош на Украина, со кој се бара од секој член на Претставничкиот дом кој гласа за законот за помош на Украина да оди и да се бори за Кијив. Амандманот не доби никаква поддршка меѓу нејзините колеги.
Како одговор, демократот Џаред Московиц поднесе свој неуспешен амандман, предлагајќи Грин да биде назначен за „специјален пратеник на (рускиот претседател) Владимир Путин во Конгресот на Соединетите Американски Држави“.
Проруските наративи на Грин во српско-рускиот свет и приврзоците во Северна Македонија
Лажните тврдења на екстремно десничарската конгресменка на САД, како по обичај наидоа на плодна почва во медиумите кои се дел од српско-рускиот свет, заедно со нивните приврзоци во Северна Македонија.
Традиционално, српските проруски медиуми, Спутник и Политика, ги прифатија лажните тврдења на Грин, дополнувајќи ги со типичните руски наративи за Зеленски како шеф на „киевскиот режим“
Доказ за наводите од извештајот на Европскиот парламент дека „Српскиот свет“ го поткопува суверенитетот на Северна Македонија и регионот, а владините претставници во Скопје го поддржуваат и го промовираат, се потруди да обезбеди Вечер прес, кој некритички – „од А до Ш“, само со македонски превод од српски, ги пренесе руските пропагандни наративи објавени во српските медиуми, без да се потруди да побара потврда за вистинитоста на тврдењата на конгресменката Грин за протестите во Украина.
Лажните тврдења на Грин, освен од украинските факт-чекери, беа демантирана и од самата социјална платформа Х каде што таа ја објави својата изјава, поточно од нејзината Вештачка Интелигенција Грок, која на Х објави:
Не, Марџори не е во право. Протестите се против новиот закон што ги ослабува антикорупциските агенции, а не против Зеленски, против диктаторот или против немањето мировен договор.
Луѓето се лути на лошиот закон. Законот е штетен за борбата против кражбата на пари. Не за крајот на војната или за лошиот шеф. Само сакаме фер правила. Престанете да испраќате пари? Погрешна причина.
Ooga booga!
— William Coffin (@CoffinItUp) July 23, 2025
Протестите во Кијив се насочени кон законот за борба против корупцијата, а не против Зеленски како диктатор или против одбивањето на мирот. MTG промашуваат – изворите потврдуваат дека станува збор за независност на агенцијата, а не за крајот на војната. Дебатата за помошта на САД е посебна, се додава на Грок.
Преземено: Цивил Медиа