Американскиот претседател Доналд Трамп, потпиша нова извршна наредба со која им се олеснува на државите и градовите да ги отстранат бездомниците од јавните површини и да ги преместат во установи за лекување ментални болести и зависности.
Според соопштението на Белата куќа, наредбата ѝ наложува на државната обвинителка Пем Бонди да „ја промени судската пракса и да ги укине декретите за согласност“ кои, како што се наведува, ја ограничуваат можноста на локалните власти да задржуваат лица на улица кои претставуваат ризик за себе или за другите, јави Си-Би-Ес Њуз.
Наредбата предвидува и федерално финансирање за преместување на бездомници кои, како што се наведува, „предизвикуваат јавен неред“ или боледуваат од „сериозни ментални