ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН објави повици за кариерно напредување на наставниците и првпат на стручните соработници

July 29, 2025 16:43
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука вчера објави два јавни повика до наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта за доставување барања за кариерно напредување. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека е многу важно што првпат огласот се однесува и за унапредување на стручните соработници.

-Тоа досега не беше вообичаено. Значи, во основното образование ќе напредуваат наставници во ментори, веќе избраните ментори во советници, а стручните соработници првпат во ментори. Во средното образование првпат ќе има кариерно напредување, ќе има и за наставниците, и за стручните соработници, унапредување во ментори. Јас сум среќна што го откочивме овој процес, благодарение на разбирање на Владата која овозможи средства за вакво нешто, се разбира, но и поради вниманието која оваа Влада го посветува на наставниците и стручните соработници, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по увид во градежните работи за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје.

Како што рече, и во минатото „можеле тоа да го прават, но имаше само еден единствен повик за седум години“.

-Ние го откочуваме овој процес и ќе го правиме регуларно така како што е предвидено со закон. Во основно образование ќе има напредување на 149 ментори во советници и на 138 стручни соработници, првпат во ментори. Во средно образование ќе имаме 88 ментори и 65 стручни соработници. Конкурсот е отворен, им пожелувам успех на сите коишто ќе се пријават, рече Јаневска.

Tags: МОН
Next Post

Европратеници бараат „значајни акции“ од ЕУ како одговор на иницијативата за израелска анексија на Западниот Брег

НАЈНОВО

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Од шампион до „просек“: Што се случува со Ливерпул?

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk