Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за набавка за опрема за управување со отпад во вредност од околу 10,7 милиони евра, која ќе им помогне на 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион да воспостават современ систем за управување со отпад по европски стандарди, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
На настанот ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик претседател на Владата, Изет Меџити, а предвидено е да присуствуваат и претставници на ЕБОР.