ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Седница на Економско-социјалниот совет: ССМ жали што на дневен ред не е ставена точка за растот на платите, Мицкоски ветува добри решенија ако на сите ни е подеднакво важен интересот на граѓаните

July 30, 2025 13:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

На седницата на Економско-социјалниот совет, којашто е во тек, ќе се разговара за програмата за работа и за потрошувачките кошнички. Од Сојузот на синдикати пред почетокот на седницата најавија дека ќе го покренат прашањето за зголемувањето на минималната плата на 500 евра и за усогласување на останатите плати, односно нивно зголемување за 6.000 денари. Од останатите синдикати велат дека нема синдикат којшто не е за зголемување на платите, но дека треба да се види тоа да не предизвика потреси во инфлацијата. И од Организацијата на работодавачи со став дека во овој период на глобални случувања, треба да се биде внимателен.

Од ССМ изразија жалење што на дневен ред не е ставена точка за растот на платите затоа што податоците на Заводот за статистика покажуваат раст на цените на храната, а доколку платите не се зголемат пред локалните избори, тогаш работниците ќе останат со најниски плати во регионот.

– Вчера на прес-конференцијата кажавме четири причини поради кои сметаме дека платите мора да се зголемат уште денес. Се разбира дека Владата може да донесе одлука заедно со ССМ за растот на минималната плата на 500 евра и следствено на тоа и да се усогласат останатите плати согласно Законот за минимална плата. Тоа што сакам да го упатам како порака пред да влеземе на седницата на ЕСС, а што не загрижува, е тоа што по распишување на изборите, ќе нема можност ниту за зголемување на платите, ниту за потпишување на колективни договори, ниту за евентуален социјален дијалог по однос на тоа прашање, што значи дека додека не завршат изборите, работниците ќе останат извисени што значи дека работниците во Србија ќе земаат 500 евра минимална плата, а работниците во Македонија нема да добијат ништо, а ќе се бара од нив да заокружат бројче за некоја политичка партија, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Додаде дека ќе го покренат ова прашање на седницата, а доколку не се разговара за тоа, тогаш, вели седницата на ЕСС, е пропадната инвестиција.

– ССМ ќе побара една од првите точки да биде потребата од растот на платите. Мислам дека никој не треба да има против да разговараме за растот на платите, но ако разговараме само за активностите на ЕСС во 2024 година, за планот за оваа година и за владината кошничка или петте или не знам колкуте кошнички кои планираат да ни ги претстават денес и на таков начин да хранат граѓаните, мислам дека ЕСС ќе биде пропадната инвестиција, рече Трендафилов.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати, кои добија репрезентативност, велат дека се за зголемување на платите, но дека треба да се разгледа опцијата тоа да не предизвика други проблеми.

– Нема работник и синдикат којшто не сака поголема плата. Ако се отвори прашањето, тука сме да разговараме за се она што е базирано на факти и аргументи. Тука не треба да се сомневаат дека ќе имаат поддршка од наша страна ако покажат дека е потребно зголемување на минималната плата, но од друга страна да не предизвикаме потреси во инфлацијата бидејќи ако се зголеми инфлацијата, зголемувањето ќе го изеде инфлацијата, изјави Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Од Организацијата на работодавачи предупредуваат дека треба да се биде внимателен во овој период имајќи предвид за предвидувањата за економски раст во еврозоната и царините што ги воведува САД кон Европа.

– Она што сакам да го кажам дека секогаш зборуваме дека во овој период треба да бидеме малку повнимателни бидејќи зборуваме за намалена продуктивност, а малите и средните препритијатија не ќе може да го издржат растот на минималната плата, а ќе мора да ги поттикнат вредните и продуктивните работници. Треба да бидеме особено внимателни особено ако знаеме дека е предвидено економски раст од еден отсто во Европската унија и ако гледаме дека Америка воведува царини, а сето тоа директно или индиректно ќе се одрази на нашата економија, изјави претседателката на ОРМ Владанка Трајкоска.

 Премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на денешната седница на Економско-социјалниот совет, кој заседава по подолго време, порача дека може да се донесат добри решенија ако интересот на граѓаните е поважен од личните или политички разлики. Разликите помеѓу Владата и дел од синдикатите како и со другите чинители во рамки на Советот, според него, се дополнителна причина дијалогот да биде поискрен и поотворен.

Мицкоски рече дека очекува да се усвои програмата за работа на ЕСС за годинава истакнувајќи дека тоа ќе биде потврда дека овој Совет не е формалност, туку жив механизам за вистински социјален дијалог и за носење одлуки коишто се во интерес на граѓаните.

Според Мицксоки, Владата покажува дека државата може да се води со стабилни финансии, растечки плати, поддршка на економијата и дијалог со сите општествени чинители. Ако навистина сите сакаме подобро утре, укажа, тогаш тоа почнува со чесна работа денес.

Порача да зборуваат бројките, а не голата и празна реторика, резултатите а не оправдувањата и изговорите, граѓаните а не празни флоскули содржани во соопштенија.

– Оваа Влада има јасна слика за реалната состојба во која живеат граѓаните, свесни сме за тешкиот живот дека предизвиците се реални и дека стандардот не може да се подобри преку преку ноќ. Знаеме дека ако сите тука веруваме дека интересот на граѓаните е поважен од личните или политички разлики тогаш сигурен сум дека можеме и ќе донесеме добри решенија. Точно е дека постојат разлики помеѓу Владата и дел од синдикатите како и со другите чинители во рамки на овој совет,  но тоа не е причина да нема дијалог, напротив тоа е дополнителна причина тој дијалог да биде поискрен и поотворен. Ако на сите овде ни е подеднакво важен интересот на граѓаните тогаш знам дека решенијата ќе бидат добри. Кога постои волја тогаш постои и пат, а волјата тука денес ја има и од наша страна и од страна на социјалните партнери, рече Мицкоски, во обраќање пред утврдувањето на дневниот ред на седницата на ЕСС.

Премиерот оцени дека изминатата година работеле тивко и без многу врева, но„со јасна цел да ги поместат работите од мртва точка. Тоа, истакна, веќе се гледа. Во мај нето и бруто платите пораснаа за 11 проценти, во образованието, здравството, администрацијата и полицијата веќе има повисоки пати. БДП на реална основа во првиот квартал веќе порасна за 3,2 проценти  со што  остваривме четврти најголем раст на БДП. Индустриското производство во мај порасна за 9,4 проценти споредено со истиот месец члани, а во вториот квартал првпат после не знам колку години очекуваме да имаме раст. Тоа не е случајност, тоа е резултат на системски чекори и економски политики базирана на фискална дисциплина и поддршка на реалниот сектор. Ако сакаме економија што произведува тогаш мора да има -ме држава што поддржува во рамките на своите можности, посочи Мицкоски.

Како што дополни, за поддршка на компаниите годинава се обезбедени 250 милиони евра, а уште 250 милиони евра се насочени кон општините за реалзиација на капитални проекти.  Наведе и дека јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени во однос на БДП и оти се очекуваме буџетскиот дефицит да биде околу 4 проценти, а како што рече, зошто да не и под 4 процент од БДП оваа година.

– Целосно е отплатена еврообврзницата во износ од милијарда евра и не се издаде нова за да се врати оваа. Кога државата ја почитува својата обврска има право да бара почит и од другите. Тоа е двонасочна улица. Усвоена е и фискалната стратегија која е насочена кон подобрување на макроекономската стабилност,  ја зацврстува основата за стабилен раст во наредните пет години, истакна Мицкоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
ВИ

Сандерленд е подготвен да му ја даде капитенската лента на Џака

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

August 2, 2025

Билетите за „Одисеја“ на Нолан распродадени една година пред премиерата

August 1, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Потврдена првостепената пресуда за Додик, една година затвор поради неизвршување на одлуките на високиот претставник

August 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончогледите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН објави конкурси за стипендии, подршка за 7880 ученици и студенти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk