Општина Пехчево информира дека на 4 август 2025 година (понеделник), во периодот од 17:00 до 04:00 часот, ќе се спроведе терестичко (од земја) прскање против комарци на територијата на градот Пехчево и околните населени места.
Со третманот ќе бидат опфатени сите зелени површини, течението на реката Писа, барскиот систем Езерце, улиците и сообраќајниците во градот, како и просторите околу индустриската зона, градската депонија и месностите Елата, Бодовица и селото Негрево.
-Од градскиот стадион и градските гробишта, прскањето ќе продолжи на север и североисток кон Елата и Негрево, а во правец на југ и југозапад кон индустриската зона, Бодовица и градската депонија, соопштија од Општина Пехчево.
Од општината апелираат до пчеларите да ги обезбедат своите пчелни кошници во наведениот период за да се избегнат штетни последици врз пчелите.
Во случај на врнежи, прскањето ќе се одложи за следниот ден во истиот временски период. Доколку временските услови останат нестабилни, прскањето ќе се изврши кога ќе се создадат соодветни услови.