ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

August 9, 2025 12:43
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА

Пишува: ГОРАН ВОЛКАНОСКИ

Локални избори- шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава.

Мислите дека локалните избори ќе бидат Локални?

Јас не верувам.

Знаете зошто?

Затоа што, за жал немаме нормален амбиент. Немаме нормална состојба, каде што гласачите ќе се изјаснуваат по основ понудите на кандидатите за градоначалници. По основ на понудите за тоа како кандидатите за градоначалник замислуваат дека треба да функционира локалната самоуправа. По основ на понудите за решавање на локалните проблематики.

За жал, според мене 90%,од тие што ќе излезат на гласање ќе гласаат според партиските определби.

За жал, ние не се определивме да одиме по патот кој ќе овозможеше создавање на нормални, демократски, слободни општествени состојби во кои Локалните избори ќе беа Локални, Парламентарните – Парламентарни, Претседателските-Претседателски.

Губитници поради ваквите состојби ќе бидат пред сè, самите граѓани.

Ваквите состојби се резултат на ретроградните процеси кои нè оддалечуваат од патот на изградените демократии во кои нема вакви девијации.

И сега, во ова предизборие. Минативе месеци, па и години, сведоци сме на тенденции на обликување на јавното мнение преку партиско-медиумски инженеринг од страна на владејачката партија во спрега со најголемиот дел од корумпираните медиуми во насока на обликување на перцепцијата во јавноста за тоа кој е “патриот”, а кој “предавник” во оваа држава.

Случувањата околу извештајот на ЕУ за Македонија, кревањето тензии околу договорот со Бугарија, проблематизирањето на сите оние договори кои значеа отворање на патот за наше интегрирање кон најмоќните економски и воени сојузи. Сојузи кој се предуслов за наш прогрес, предуслов за решавање на системските слабости, беа и се, само со една цел – на Локалните избори, граѓаните најмалку да се изјаснуваат за понудите за решавање на локалните проблематики. Повторно да им се замагли здравиот резон, здравата нормална човечка логика.

Повторно им се нудат илузии, чија единствена цел е одржување на политиките кои нè носат во пропаст.

Значи, да сумирам.

Овие Локални избори, може да бидат шанса за граѓаните да влијаат на процесите кои ќе ни дадат можност да се вратиме на колосекот на прогресот. Секако, доколку резултатите на Локалните избори покажат такви стремежи кај граѓаните.

Дали ќе имаме Локални избори како поправен испит за нашата зрелост?

Дали ќе преовлада разумот и индивидуалната одговорност на секој поединец, ќе покажат резултатите на овие Локални избори, кои, можеби, овој пат и не треба да се само локални.

Секако доколку граѓаните разберат дека единствено на тој начин ќе се изборат за шанса за себе и за своето семејство, а не за политичарите.

Со други зборови.

Имате шанса, Локалните избори да бидат орудие во вашите раце со кое ќе ја срушите браната на вашиот прогрес!


Текстот е личен став на Авторот
Next Post

Никола Бадев, бардот на македонската народна песна - Момите лудувале по него и по неговиот кадифен глас

НАЈНОВО

Хуманитарна помош од Италија и Грција од авиони исфрлена во Појасот Газа

August 9, 2025

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за скандалот во Демир Хисар

August 9, 2025

Промоција на книгата „Калиграфи на филмското писмо“ од Влатко Галевски

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина новинарката Јулијана Тануровска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk