ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Окупација во 45 слики

August 9, 2025 10:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Пишува:  БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Од безбројните грижи за интересите на граѓаните, најсилен впечаток неделава ми остави „историското” кадровско зајакнување на болниците и амбулантите во акцијата што можеме да ја наречеме „Окупација во 45 слики”.

Таа акција на власта ќе го олесни умирањето на нашите луѓе, а од тоа поголема грижа за интересите на граѓаните тешко може да се замисли.

Јас сум восхитен.

Нон-стоп сум под дејство на алкохол кој кај мене има две функции: да ја слави ренесансата што ми ја приредува екипата на Леонардо Мицкоски и во таа позитивна возбуда, да ме чува од комплетна восхитителна експлозија.

Министерството за здравство соопшти дека за 45 дена се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем.

– Немогуќе! – си реков.

„Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација, конечно решен статус на сите овие лица кои со години немаа сигурност, здравствено осигурување, формален работен однос и беа под континуиран стрес. Сега, со овој чекор, добија достоинствено место во системот”, истакна министерот Алиу.

– То, бејби! – ми се испушти пред голтката „Асахи”, убаво јапонско пиво од кое со просечната македонска плата која од сношти има поголема куповна моќ и од норвешката, можам да пијам три пати на ден ако не јадам и не трошам за ништо друго.

Министерството за здравство наведува дека со оваа кадровска стабилизација „испраќа силна порака за континуирана грижа и вложување во човечкиот капитал, како предуслов за подобри здравствени услуги за сите граѓани“.

– Фала Богу, сто години зборувам дека човечкиот капитал е најголем капитал – прокоментирав порачувајки уште едно пивце.

Биле извршени, верувале или не, 1.700 тестирања: од мерење на температура и давање на инјекции, до, претпоставувам врз основа на делот од соопштението во кое се вели дека се работи за „стратегиско зајакнување” на кадровската опременост, операции на отворено срце и глава, гастроскопија и колоноскопија итн., при што радува фактот дека речиси 80 отсто од кандидатите ги положиле сите тестови!

Прво, сакам да им оддадам признание на луѓето од Министерството за здравство кои успеале да пронајдат 1.250 добри кардиолози, неврохирурзи, ренгенолози, ортопеди, педијатри, интернисти, инфектолози, медицински сестри и браќа, чистачи и чистачки, директори и директорки, секретари и секретарки…

Јас мислев дека Македонија е дефицитарна со таков кадар и дека се соочува со одлив во Европа и во други делови на светот, но очигледно е дека партиските кадровски базени биле односно се со олимписки димензии.

Сега целата грижа на пациентите ќе биде да си ги најдат соодветните партиски доктори, да речеме некој вморон да си го најде вморонскиот хирург, да не се случи да го отвори некој што пациентот пред да легне на операционата маса, го пратил во гасна комора од кај што овој, откако успеал пола саат да не дише, излегол жив.

Или мене, како најголем национален предавник, да ме оперира Кикифрики!

Ми рекоа дека е ставен за шеф на групата хирурзи задолжени за операции на предавници.

Тие треба да и го донесат на Македонија „Финално решение” за антимакедонските говњари.

Во светлината на овој „стратегиски” зафат, нова димензија добива и прашањето за паркингот во Клиничкиот центар.

Тој мора да се направи час поскоро затоа што по оваа  кадровска инфузија, приливот на тешки пациенти ќе се зголеми како и одливот на починати пациенти.

Посебен дел мора да се обезбеди за погребалните коли на Бутел и другите гробишта низ жална Македонија.

Втората најимпресивна грижа за интересите на граѓаните ја води министерката Весна. Таа има задача од училиштата да направи кампови за обука на револуционери и патриоти кои ќе ја продолжат битката за Македонија и за достоинство на македонскиот народ. Веќе имаме најдобри школи за трајно хендикепирање на децата кои потоа нема да можат да ги оправат ниту најдобрите стручњаци на Клиниката „Мајо”.

Ете, почитувани, можам да ви редам до утре сабајле неверојатни грижи за граѓаните. Можеби само уште грижата во контролата на летањето да има луѓе кои ќе обезбедат доволен број несреќи.

Има толку талентирани контролори во вмро и влен, но мое мислење е дека идиотите од знам се најдобри.

Да не се остава се на птиците!

Тие грижи имаат за цел од граѓанинот да направат човек- маса!

Повеќе маса отколку човек.

Жива мера граѓанин.

Имам три препораки: лечете се дома со облоги од ракија, зелка и домати, децата не ги пуштајте на училиште додека не прочитате некролог за вмро и,трето, летајте, ако морате да летате со авион, од Солун, од Тирана или од Софија и Белград. Додека да биде готов аеродромот во Предејане.

Во врска со сево ова сакам да ви откријам и една тајна:

Одлепувањето од гравитационата моќ на нацијата и, посебно, ослободувањето од централната точка на таа гравитација што се вика вмро, произведува чувство на невин човек кој по дваесет или не знам колку години в затвор, излегува на слобода.

Пред вратите на затворот го чекаат жената, децата, другарите, комшиите, цел еден нормален свет.

Го чека животот што го загубил додека бил во ропство на таканаречената нација.

Не треба да барате други примери и потврди. Јас сум ви сосема доволен.

Знам дека за многумина тоа сега е неверојатна опција. Но во тоа е поентата.

Антигравитацијата е движење кон зголемување на неверојатноста.

Благородно движење.

Аристократско.

Гордоста и честа се во антигравитацијата. За да треснеш на земја доволно е да скокнеш како руски олигарх од некој џам. Секое говно ѝ се повинува на гравитацијата што ја зрачи злосторничката инсталација на вмро.

Но, за да полеташ, потребно е да произведеш и покажеш отпор.

Мора да мафташ со крилјата.

Како мува што паднала во чорбата на вмро. Повеќето муви ќе се удават, но таа што ќе мафта со крилцата доволно бргу и долго колку што треба, може од чорбата да направи каша и полека да излезе од замката.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

 

Next Post

(ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар - Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

НАЈНОВО

Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори, ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025

Филков: Интерпелацијата за Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите

August 9, 2025

Никола Бадев, бардот на македонската народна песна – Момите лудувале по него и по неговиот кадифен глас

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина новинарката Јулијана Тануровска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Халкидики се удави 75-годишна македонска државјанка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk