ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ објави проширување на мандатот на својата клучна мониторинг-единица за мониторинг на хибридните закани

August 11, 2025 15:28
in ДЕНЕС, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
ВИ

ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја објави експанзијата на својата клучна мониторинг-единица за дезинформации и пропаганда, со тоа што ја преименува во ТИМ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (на англиски: Civil Hybrid Threats Monitoring – CHTM). Одлуката ја одразува стратешката промена на организацијата кон поширок и поинтегриран пристап во справувањето со сложениот спектар на хибридни закани со кои се соочуваат Северна Македонија, Западен Балкан и Европа.

Првично насочен кон мониторинг на дезинформации и пропагандни кампањи, овој тим, сега преименуван на начин што ќе го отсликува проширениот мандат кој вклучува детекција, анализа и разобличување на дезинформации, странски операции на влијание, сајбер манипулации и напади, политичко мешање, говор на омраза и други компоненти на хибридното војување.

„Хибридните закани еволуираат, а тоа ја наметнува потребата и ние да ја следиме таа динамика,“ изјави Џабир Дерала, основач на ЦИВИЛ и главен уредник на медиумската платформа на организацијата. „Овој тим повеќе не е само за следење на лаги во медиумите. Станува збор за одбрана на демократијата во нејзината суштина. Тоа значи директно соочување со софистицираните и често координирани напади врз вистината, мирот и стабилноста.“

Мултидимензионален одговор на растечката закана

Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани ќе работи преку различни платформи, јазици и региони за да идентификува и разобличи шеми на манипулација и операции на влијание. Организацијата потврдува дека обемот на тимот ќе опфаќа широк спектар на хибридни закани – од дезинформации и пропаганда до политичко мешање и говор на омраза, како и комплексни операции на хибридната воена закана. Воедно, ЦИВИЛ објави нема да открива детали за методологијата, ниту пак имињата на членовите на тимот, од очигледни безбедносни и оперативни причини.

„Ова е високо сензитивна работа која се насочува кон актери решени да ја поткопаат демократијата,“ изјави Дерала. „Нашата сила не е само во експертизата и посветеноста, туку и во нашата способност да го заштитиме интегритетот на нашите операции и безбедноста на нашите луѓе.“

ЦИВИЛ е на првите линии во мониторингот на социополитичките процеси и настани, човековите права, застапувањето за медиумската слобода и борбата против дезинформации и хибридни закани повеќе од две децении. Оваа трансформација ја потврдува решеноста на организацијата секогаш да биде чекор пред новите предизвици и да придонесе одлучно во глобалната борба за демократски вредности.

„Војната не секогаш пристигнува со тенкови и ракети,“ додаде Дерала. „Често доаѓа во облик на ботови и тролови, манипулирани наративи, агенти и оперативци кои спроведуваат дигитална пропаганда. Овој тим е тука да го разобличи сето тоа.“

Зајакнати капацитети и меѓународна соработка

Како дел од својата проширена мисија, тимот ќе ја продлабочи соработката со регионални и меѓународни партнери, вклучувајќи го учеството во Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата, Вестминстер Алијансата за Украина, и други иницијативи усогласени со ЕУ за спротивставување на авторитарното влијание.

Единицата, исто така, ќе вклучува алатки со вештачка интелигенција, техники за анализа на податоци и механизми за прекугранична размена на информации за подобро следење на хибридните операции и злонамерните актери.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Адвокатите на Балдони го отфрлија обвинувањето на Лајвли за недозволено пренесување информации

НАЈНОВО

Шукова од Бутел: БРТ систем за навремен, безбеден и функционален јавен превоз

October 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

За одредени македонски медиуми, најбитни се реакциите на Кремљ

October 3, 2025
Фото: МИА

Клековски: Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО, ги препраќаме до МЗ

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk