ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ: Западниот Балкан – заспиј ако можеш (1 дел)

Малиот број професионални и независни медиуми во регионот оваа година доживеаја чистка. Дел се должи на факторот трампизам, а дел на повлекувањето на другите надворешни поддржувачи. Балканот е осуден на западната индиферентност. Или да биде жртва на плановите на источните автократи кои ја користат и оската Будимпешта - Србија - Македонија...

August 11, 2025 09:28
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА

Пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Ако некогаш американските институции и фондации поддржуваа опстанок а некаде и основање на медиуми, како дел од транзицијата од т.н. едноумие кон плурално општество, процес незамислив без слободата на „седмата сила“ кај нас ова жешко лето работите се променија од корен! Наеднаш добивме оценка од преку Атлантикот во стилот „што беше – беше, снаоѓајте се како знаете и умеете“.

Новата политика на претседателот Трамп која се засновува на ставот „Америка прво“ покажува комплетна индиферентност кон се’ што би било во интерес нa новите демократски претпоставки за развој на Средна и Источна Европа. Просто, на олигархиите како што е онаа на Трамп како да им одговара да комуницираат само со политики кои цврсто, автократски ги водат државите и со кои е многу е лесно да се прави бизнис. Слободните медиуми едноставно би пречеле во такви случаи. Да го парафразираме Черчил – „што ви е гајле за едноумието, нема вие да живеете во него“, израз со кој го објаснувал својот наводно толерантен однос кон земјите зад „железната завеса“.

Ниту цент преку Атлантикот

Големиот удар врз слободата на медиумите, што се случува особено годинава, не се однесува само на нашата земја, каде секако има обележје на вистински земјотрес, туку и на регионот ама секако и на многу земји каде карактерот на политичките прилики или општото сиромаштво не овозможуваа некаков полет во засиленото присуство на критичките медиуми. Разните листи за проценка на слободата на медиумите кај сите нив, земји што излегле од едноумието или кои генерално припаѓаат н т.н. трет свет, јасно означуваат дека состојбите се далеку од тоа помошта во одржувањето на плурализмот со демократската аура е неопходен.

Медиумите како што се Гласот на Америка или Радио Слободна Европа и да не говориме за многу други кои функционираат како портали, како дневни или периодични изданија, просто беа во некакви сврзани садови со американски фондации кои годинава ја изгубија поддршката на Белата куќа, директно или индиректно, со мавтање на прстот „одозгора“ кон оние кои ќе го прекршеа правилото – ниту цент преку Атлантикот.

Првата „промаја“ во бројот на медиумите дојде со стопирањето на донациите од буџетот на Фондацијата УСАИД. Пoследната вест на Гласот на Америка, според нивниот сајт е од средината на март, додека Радио Слободна Европа се бори да ајде други средства четири месеци.

Високата правна советничка на ЕЦПМФ, Флутура Кусари, според изјава за овој медиум предупредува дека без независни медиуми – „луѓето ќе бидат помалку информирани или погрешно информирани, бидејќи, непроверената содржина од социјалните медиуми и други непроверени извори ја пополнува празнината“.

Таа додаде дека медиумите низ регионот работат во тешка средина, вклучувајќи „политички притисоци, физички и онлајн закани, правни напади, финансиски тешкотии и лоши услови за работа. Истражувачкото новинарство станува сè поретко, а самото новинарство повеќе не се смета за привлечна професија поради ризиците со кои се соочуваат новинарите“, нагласува таа.

Нема ништо без силна медиумска заедница

Статистиката  е неумолива – УСАИД, според податоците од 2023 година, поддржувал повеќе од 6.200 новинари во странство и 707 медиумски организации во повеќе од 30 земји. Се додава дека нема точни податоци за бројот на медиуми што се поддржувани на Балканот.

Директорот на Медиумскиот центар во Сараево, Боро Контиќ, за РСЕ/РЛ истакнува дека е тешко да се предвиди каква ќе биде иднината на медиумите во Западен Балкан.

„Невозможно е да се направи нешто ако нема силна медиумска заедница, професионално новинарство кое е критично и всушност го претставува, на некој начин, гласот на јавноста“, смета Контиќ.

Тој предупредува дека дури и оние кои се фалат со ситуацијата наскоро ќе сфатат колку е катастрофална за општеството. Со исчезнувањето на големите независни медиуми, се губи и медиумската заедница“ – додава Контиќ.

Впрочем, ако се гледа и од аспект на македонското општество, сега притисокот, заради опстанокот на медиумите финансирани од САД се поврзан со барање на спонзори на европско тло, каде многу помал број на наши редакции имаа своја поддршка! Како да добиваме некаков мал кладенец со многу жедни медиумски работници!  Познавам многу колеги кои работниот век го минаа шетајќи од редакција во редакција и нив како некаква зла коб да ги следеше – токму кога некаде ќе се вработат „за стално“, настануваат проблеми. Какви пензии ќе земаат тие или поточно дали ќе можат да се квалификуваат за пензија до крајот на својот работен век?

Амбициозна арапска политика и про-израелска власт

Посебна приказна се двата регионални центри кои имаа поткрепа (основачи) надвор од Полуостриовот и припаѓаа на фондации кои беа вон дострелот на трампизмот. Првата е секако Ал Џезира, која имаше свое дописништво и во Македонија. Сместени во можеби најдобри услови во однос на просечните редакции, тие имаат еден цел систем зад себе. Ал Џезира Балканс е основана во 2011 година и имаше редакции во БиХ (централната) и сите други некогашни републики на екс-Југославија плус Косово. Основана е од Катар со почетна сума од близу два милиони долари.

Американската редакција на овој основач – според првите податоци – достигна четврто место по гледаност, бидејќи покриваше социјални милјеа за кои никој не се интересираше во оваа земја во која секако има и расна нетрпеливост, социјална нееднаквост и слично.

Не може да се рече дека кај нас имала таков пристап, иако се обидуваше да покрие некои сегменти за кои немаше голем интерес како што се бизнисите на повратниците од странство. Она што беше значајно е секако фактот дека барем во Македонија се покриваше просторот кој беше најлошо позициониран – реалната независност од локалните моќници. Можеби првиот директор на Балканс, Горан Милиќ, и да се обидуваше да има во своите контакти со властите (кај нас со тогашниот премиер Груевски) некаков дипломатски однос, можеме секако да ставиме забелешки и за односот на редакцијата кон немирите по повод двата договори кои ги потпиша земјава со соседите, ама тоа беа индивидуални проценки на дописниците како претерани излети на нивниот „патриотски занес“. Сѐ на сѐ, тие беа баланс во едни многу сензитивни времиња.

За разлика од многу обиди на аналитичари кои се обидуваат да се запрашаат зошто основачот од Катар се повлекува од Балканот, па не изрекува некаков суд, мое мислење е дека постои незадоволство од прифаќањето на про-арапската политика на овој простор, барем од официјалните власти. Независно од тоа што невладиниот сектор и интелектуалците во земјите на екс-Југославија мислат – да речеме – за геноцидот во Газа, и колку да е тој однос подржан и од бриселската администрација, ставовите на владите во Загреб, Скопје или Белград едноставно укажуваат дека влијанието на сликите од Ал Џезира Балканс е слабо или недоволно! Секако, секој основач има право да си направи „есап“ во вакви ситуации и да процени дека трошокот на редакцијата, иако дал резултат во јавноста (би рекле и заради програмите на другите независни медиуми) тој не станал влијателен. За тоа говори и анализата на италијанската Опсерваторија на Балканот, под наслов „Затворањето на Ал Џезира Балканс е голем удар за медиумската слобода и плурализмот во регионот“.

(продолжува)


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Без вода две улици во Чаир

НАЈНОВО

Ристески: ВМРО-ДПМНЕ и Општина Аеродром бегаат од одговор за долговите на училиштата и градинките

August 11, 2025

Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа

August 11, 2025

Астронаутите сведочат: Животот во Вселената засега е речиси невозможен

August 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните ветувања на лажните патриоти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за изјавата од Меџити дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk