ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ахмети по повод Охридскиот договор: Јас и Албанците, вчера, денес и утре, се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија

August 12, 2025 15:49
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА

По повод 24 – годишнината на Охридскиот рамковен договор лидерот на ДУИ Али Ахмети преку колумна се обрати до граѓаните со порака дека тој и Албанците „се залагаат за унитарна, заедничка и еднаква Македонија“.

Текстот го објавуваме интегрално

„По повод 24 годишнината на Охридскиот мировен договор со кој што почнавме заеднички да ја градиме унитарна и еднаква Македонија, решив да се обратам на моите сограѓани Македонци, на македонски јазик.

Во средношколските години барав права за мојот народ и бев прогонет, бев приморан да го напуштам моето родно место и над 20 години да делувам во туѓина.

На мене и на моите сонародници ни се спореше јазикот, знамето, правото на еднаквост, правото на постоење со логиката “Македонија на Македонците”.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско.

Наспроти сите напади, сета пропаганда во минатите 24 години со која што бевте соочени, сакам да упатам јасна и недвосмислена изјава дека јас и Албанците, вчера, денес и утре, се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија, ниту повторно моја, ниту повторно твоја, туку секогаш наша Македонија.

Наспроти тоа што ова го знаат и Црвенковски и Груевски, и Заев и Мицкоски, а го знаеја и нивните претходници, во нашите млади години, сите ние што се осмелувавме да се залагаме за еднаквост, не гонеа за сепаратизам, национализам, шовинизам, а денес истиот пристап софистицирано се повторува со прогон и оцрнување за наводна корупција и криминал од истата доктрина и истите заробени умови кои ги карактеризираат граѓаните во граѓани од прв, втор, трет ред и сметаат дека државата им припаѓа само ним.

Намерно и лажно се сееше и се сее лажен страв кон граѓаните за непостоечки непријатели кај Албанците од страна на политичките елити за да се владее злоупотребувајќи ги наметнатите стравови а не залагајќи се за заедничка иднина.

Со Охридскиот мировен договор си подадовме рака, си дадовме збор и Беса едни на други, дека ќе изградиме заедничка, еднаква и евроатлантска татковина.

Не беше и не е лесно, имаше отпор, одбивање, претежно од погрешно наметнато разбирање дека некој добива, друг губи, и тоа од одредени политички елити кои што размислуваа за следните избори, а не за следните генерации.

Јас припаѓам на тие што работат за следните генерации.  Премиери и академици ми нудеа да ја поделиме Македонија, не прифатив.

Ме оцрнуваа од тоа дека сум бил соработник на српските служби со фалсификувани досиеја па се до наводно корумпиран, но граѓаните секогаш се определуваа да не поддржат нас.

Низ овие 24 години, јас и моите соработници се залагавме за да го спроведеме Охридскиот договор, да ја интегрираме земјата во НАТО и ЕУ, да изградиме автопатишта, универзитети, болници, градинки, школи, институции, да преземеме одговорност за заедничката држава и да покажеме дека од еднаквоста, најголеми придобивки имаат граѓаните и земјата.

Се покажа и докажа дека кога државата е лојална кон своите граѓани, и граѓаните се лојални кон својата држава.

Свесен сум дека овие политики не се популарни, но се државотворни. Овие залагања, можеби не носат загарантирана победа на избори, но обезбедуваат иднина за сите.

Ретки се лидерите во нашето општество кои што му оддолеваат на искушението да зајаваат на бранот на национализмот и популизмот за пирова краткотрајна победа со далекусежни негативни последици за државата и општеството.

За жал, сведоци сме дека можело да се враќаме назад. Сведоци сме дека можело да се заборави минатото и да се повторуваат грешките во сегашноста кои што ќе не чинат во иднината, и тоа од површни пориви.

На оваа 24 – годишнина, соочен повторно со кампањи за оцрнување и намерно и тенденциозно негативно претставување пред Македонецот, решив да се обратам директно, искрено, и да подадам рака до македонскиот народ, за заедништво, во одбрана на македонскиот и албанскиот јазик, во одбрана на идентитетот, на нашите посебности, еден за друг, заедно за Европска Македонија.

Албанецот никогаш не го спорел македонскиот јазик и идентитет, историјата и културата, верата и државата Република Северна Македонија.

Барам и очекувам и Македонецот да ги почитува засебностите на мојот народ и да разбере конечно и без предрасуди дека од еднаквоста не губи ништо, напротив добива многу.

Велеа дека Охридскиот договор ќе ја уништи Македонија, дека правата на Албанците ќе ја федерализираат земјата, дека ќе се казнуваат Македонците кои не говорат албански, дека двојазичноста е крај за земјата, дека со Албанец премиер или спикер ќе ја снема Македонија, дека со Коридорот 8 се гради голема Албанија, дека Македонците се малцинство во Владата.

Денес, 24 години по Охридскиот договор, очигледно дека сета таа горенаведена пропаганда е поразена, Македонија постои, членка е на НАТО и е определена за европска иднина за која што треба да продолжиме да работиме заедно.

Затоа, почитувани сограѓани, само заедно, со взаемно почитување, без предрасуди и со искрено залагање еден за друг, може да изградиме праведно и еднакво општество кое што ќе се залага за европски вредности во европски интегрирана земја и регион“.

Next Post

Домашно средство за почесто чистење на креветите и теписите налето

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Фестивалот на балони во Кападокија го освои августовското небо

August 12, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан

August 12, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Мадона со апел до папата: Посетете ја Газа – децата умираат од глад, нема повеќе време

August 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мегваер: Реалноста е дека не сме најдобриот тим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи: Срам за Владата – работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk